Јоланта Федак
Јоланта Беата Федак (21 септември 1960 - 31 декември 2020) била полска политичарка која била министерка за труд и социјална политика од 2007 до 2011 година.[1]
Јоланта Федак | |
---|---|
Федак во 2011 | |
Министерка за труд и социјална политика | |
На должноста 16 ноември 2007 – 18 ноември 2011 | |
Премиер | Доналд Туск |
Претходник | Јоана Клузик-Ростковска |
Наследник | Владислав Косињак-Камиш |
Лични податоци | |
Роден(а) | Јоланта Беата Федак 21 септември 1960 Жари, Полска |
Починал(а) | 31 декември 2020 | (возр. 60)
Партија | Полската селанска партија |
Деца | 1 |
Установа | Вроцлавски универзитет |
Занимање | Политичарка |
Ран живот и образование
уредиРодена во Жари, Федак дипломирала политички науки на Вроцлавскиот универзитет во 1984 година.[1][2] Подоцна завршила постдипломски студии по администрација на Универзитетот "Адам Мицкевич" во Познањ во 1999 година и менаџмент во образованието на Шчеќинскиот универзитет во 2003 година.[2][3]
Кариера
уредиФедак се приклучила на Полската селанска партија (ПСЛ) во 1990-тите и ја водела канцеларијата на партијата во Зјелона Гора. Таа подоцна станала заменик-маршал на западната провинција - Лубушко војводство, со фокус на социјалните прашања и станала еден од четворицата потпретседатели на извршниот комитет на партијата.[4]
Федак за првпат се кандидирала за Сејмот во 2001 година, а потоа се кандидирала за Сенатот во 2005 година; двата обиди биле неуспешни. Таа, исто така, се кандидирала за градоначалник на Зјелона Гора во 2006 година и за полскиот Сенат во 2007 година. Во последните избори, таа завршила на деветтото место од 12 кандидати со 45.719 гласови.[5] И покрај поразот на изборите, таа била назначена за министер за труд и социјална политика под Доналд Туск како резултат на коалицијата помеѓу ПСЛ и Граѓанската платформа на Туск; таа била на оваа позиција до 2011 година.[1][6]
По завршувањето на нејзиниот мандат како министер за труд, Федак била советник на вицепремиерот Валдемар Павлак до крајот на неговиот мандат во 2012 година. Кратко потоа, Федак била назначена за советник на Полската установа за социјално осигурување.[7] Во 2014 година се кандидирала за место во Европскиот парламент како член на ПСЛ. Иако таа завршила прва во нејзината изборна единица од 10 кандидати со 6.906 гласови, партијата немала доволно гласови во целина; добиле четири пратенички места за 13 изборни единици. Таа, исто така, била неуспешна во обидот за место во Сејмот за време на парламентарните избори во 2015 година.[8]
Од 2015 до 2017 година таа раководела со Провинцискиот фонд за управување со водите и заштита на животната средина во Зјелона Гора.[2]
На изборите во 2019 година таа освоила место во Сејмот и ја држеше функцијата до нејзината смрт.[2]
Личен живот
уредиФедак била омажена и имала една ќерка.[4] Таа починала од рак на 31 декември 2020 година.[2] Владислав Косињак-Камиш, претседател на партијата ПСЛ кој ја објавил нејзината смрт изјави: „Пред една година го освоивте посакуваното пратеничко место, следната победа требаше да биде против ракот. Си замина прерано. Ќе ни недостигаш.“[9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Opas, oprac Radosław (31 December 2020). „Jolanta Fedak nie żyje. Miała 60 lat“. wiadomosci.wp.pl (полски). Посетено на 31 December 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Business Insider; Polska Dzisiaj 16:46 23 678 31 December 2020 (31 December 2020). „Nie żyje była minister pracy Jolanta Fedak“. Business Insider (полски). Посетено на 31 December 2020.
- ↑ „Jolanta Fedak“. www.sejm.gov.pl. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ 4,0 4,1 „Minister Jolanta Fedak“. Ministry of Labour and Social Policy. 3 January 2011. Архивирано од изворникот на 4 January 2011. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ „Zielona Góra, okr. 8“ (полски). Wybory do Senatu. 2007. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ Łukasiewicz, Artur (5 November 2007). „Minister pracy – Jolanta Fedak“ (полски). Gazeta.pl. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ „Jolanta Fedak, była minister pracy i polityki społecznej została radcą prezesa ZUS – donosi "Fakt"“ (полски). Wprost. 12 March 2013. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ „Komitet Wyborczy Polskie Stronnictwo Ludowe“ (полски). Państwowa Komisja Wyborcza. 2014. Посетено на 5 November 2017.
- ↑ „Nie żyje Jolanta Fedak. Była minister pracy zmarła po długiej walce z chorobą“. Do Rzeczy (полски). 2020-12-31. Посетено на 2021-01-04.