Јодни оксиди

(Пренасочено од Јоден оксид)

Јодни оксидихемиски соединенија на кислородот и јодот. Јодот има само два стабилни оксида изолирливи во поголеми количини — јод тетроксидот и јод пентоксидот. Се образуваат и разни други оксиди во сосем мали количини. Има и такви за кои се претпоставува дека постојат, но тоа не е докажано. Хемијата на овие соединенија е сложена, и само неколку се добро карактеризирани. Многу од нив се пронајдени во атмосферата и се сметаат за особено важни во морскиот граничен слој.[1]

Јод пентоксид (I2O5)
Јодни оксиди[2]
Молекуларна формула I2O IO[3] IO2 I2O4 I2O5 I4O9
Назив дијод оксид јод моноксид јод диоксид јод тетроксид

(дијод тетроксид)

јод пентоксид

(дијод пентоксид)

тетрајод ноноксид
Структура I2O IO IO2 O2IOIO O(IO2)2 I(OIO2)3
Молекуларен модел
CAS-број 39319-71-6 14696-98-1 13494-92-3 1024652-24-1 12029-98-0 66523-94-2
Изглед непознат виолетов гас жолта цврста супстанција жолта цврста супстанција бела кристална супстанција темножолта цврста супстанција
Оксидациска состојба +1 +2 +4 +3 и +5 +5 +3 и +5
Точка на топење неизолирлив неизолирлив неизолирлив разлож. 100 °C разлож. 300–350 °C разлож. 75 °C
Специфична тежина 4,2 4,8
Растворливост во вода разлож. на HIO3 + I2 187 г/100 мл разлож. на HIO3 + I2

Дијодот моноксид е изучуван претежно теоретски,[4] но постојат извесни наоди дека може да се добие на сличен начин како дихлор моноксидот, преку реакција помеѓу HgO и I2.[5] Соединението е многу нестабилно, но може да реагира со алкени и да даде халогенирани производи.[6]

Радикалниот јоден оксид (IO), јод диоксидот (IO2) и јод тетроксидот ((IO2)2) имаат значајна и меѓусебно поврзана атмосферска хемија. Тие се образуваат во многу мали количества во морскиот граничен слој по пат на фотооксидација на дијодометанот, кој го произведуваат макроалгите како морските треви или преку оксидацијата на молекуларниот јод, произведен со реакцијата на гасовит озон и јодидот присутен на морската површина.[7][8] И покрај малите количества (помалку од трилионитинки), тие се сметаат за моќни чинители во осиромашувањето на озонската обвивка.[9][10]

Дијод пентоксидот (I2O5) е анхидрид на јодната киселина и единствениот стабилен анхидрид на јодната кислородна киселина.

Тетрајод ноноксидот (I4O9) е добиен со реакција на I2 со O3 во гасовит облик, но не многу проучен.[11]

Јодатни анјони

уреди

Јодните оксиди исто така образуваат негативно наелектризирани анјони, кои (здружени со дополнителни катјони) се составници на киселините или солите. Тука спаѓаат јодатите и перјодатите.

Нивните конјугирани киселини се:

Оксидац. состојба −1 +1 +3 +5 +7
Назив Јодоводород* Хопојодеста киселина Јодеста киселина Јодна киселина Перјодна киселина
Формула HI HIO HIO2 HIO3 HIO4 или H5IO6

 • Оксидациската состојба -1 (јодоводородот) не е оксид, туку стои на табелата за потполност.

Перјодатите имаат две варијанти: метаперјодат IO
4
и ортоперјодат IO5−
6
.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kaltsoyannis, Nikolas; Plane, John M. C. (2008). „Quantum chemical calculations on a selection of iodine-containing species (IO, OIO, INO3, (IO)2, I2O3, I2O4 and I2O5) of importance in the atmosphere“. Physical Chemistry Chemical Physics. 10 (13): 1723–33. Bibcode:2008PCCP...10.1723K. doi:10.1039/B715687C. PMID 18350176.
  2. Lide, D. R., уред. (2005). CRC Handbook of Chemistry and Physics (LXXXVI. изд.). Boca Raton (FL): CRC Press. ISBN 0-8493-0486-5.
  3. Nikitin, I V (31 август 2008). „Halogen monoxides“. Russian Chemical Reviews. 77 (8): 739–749. Bibcode:2008RuCRv..77..739N. doi:10.1070/RC2008v077n08ABEH003788.
  4. Novak, Igor (1998). „Theoretical study of I2O“. Heteroatom Chemistry. 9 (4): 383–385. doi:10.1002/(SICI)1098-1071(1998)9:4<383::AID-HC6>3.0.CO;2-9.
  5. Forbes, Craig P.; Goosen, André; Laue, Hugh A. H. (1974). „Hypoiodite reaction: kinetic study of the reaction of 1,1-diphenyl-ethylene with mercury(II) oxide iodine“. Journal of the Chemical Society, Perkin Transactions 1: 2350–2353. doi:10.1039/P19740002350.
  6. Cambie, Richard C.; Hayward, Rodney C.; Lindsay, Barry G.; Phan, Alice I. T.; Rutledge, Peter S.; Woodgate, Paul D. (1976). „Reactions of iodine oxide with alkenes“. Journal of the Chemical Society, Perkin Transactions 1 (18): 1961. doi:10.1039/P19760001961.
  7. Hoffmann, Thorsten; O'Dowd, Colin D.; Seinfeld, John H. (15 мај 2001). „Iodine oxide homogeneous nucleation: An explanation for coastal new particle production“ (PDF). Geophysical Research Letters. 28 (10): 1949–1952. Bibcode:2001GeoRL..28.1949H. doi:10.1029/2000GL012399.
  8. Carpenter, Lucy J.; MacDonald, Samantha M.; Shaw, Marvin D.; Kumar, Ravi; Saunders, Russell W.; Parthipan, Rajendran; Wilson, Julie; Plane, John M.C. (13 јануари 2013). „Atmospheric iodine levels influenced by seasurface emissions of inorganic iodine“ (PDF). Nature Geoscience. 6 (2): 108–111. Bibcode:2013NatGe...6..108C. doi:10.1038/ngeo1687.
  9. Saiz-Lopez, A.; Fernandez, R. P.; Ordóñez, C.; Kinnison, D. E.; Gómez Martín, J. C.; Lamarque, J.-F.; Tilmes, S. (10 декември 2014). „Iodine chemistry in the troposphere and its effect on ozone“. Atmospheric Chemistry and Physics. 14 (23): 13119–13143. Bibcode:2014ACP....1413119S. doi:10.5194/acp-14-13119-2014.
  10. Cox, R. A.; Bloss, W. J.; Jones, R. L.; Rowley, D. M. (1 јули 1999). „OIO and the atmospheric cycle of iodine“ (PDF). Geophysical Research Letters. 26 (13): 1857–1860. Bibcode:1999GeoRL..26.1857C. doi:10.1029/1999GL900439. S2CID 128402214.
  11. Sunder, S.; Wren, J. C.; Vikis, A. C. (декември 1985). „Raman spectra of I4O9 formed by the reaction of iodine with ozone“. Journal of Raman Spectroscopy. 16 (6): 424–426. Bibcode:1985JRSp...16..424S. doi:10.1002/jrs.1250160611.