Јован V Каматир
(Пренасочено од Јован V Каматир (охридски архиепископ))
Јован V Каматир бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1183 до 1215 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Јован V Каматир | |
---|---|
Ракоположен | 1183 |
Службата завршила | 1215 |
Претходник | Адријан |
Наследник | Димитар |
Лични податоци | |
Роден | 12 век |
Биографија
уредиПред да застане на охридскиот престол, тој бил близок до царот Андроник I Комнин во Цариград. Во 1183 година бил еден од организаторите за исфрлувањето во морето на телото на убиениот византиски цар Алексиј II Комнин. Не е познато кога точно станал архиепископ и кога точно починал.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.