Јован Халд (грчки: Ἰωάννης Χάλδος) бил византиски воен началник во служба на императорот Василиј II, дук (управител) на темите Вукеларион и Армениакон (во северна Мала Азија)[1] .

Јован Халд
Ἰωάννης Χάλδος

ДржаваВизантија
Чиндук на Солун
Војнивостание на Варда Склир, Византиско-бугарски војни

На крајот на 989 ​​година, при задушувањето на востанието на Вардех Фока и Вардех Склир, Јован Халд бил испратен со силна армија против сојузникот на Фока - владетелот на јужна Грузија Давид III, и го принудил да се потчини на василевса[2]. Резултатот од походот бил договорот од 990 година, со што Василиј II добил право над земјиштето на Давид по неговата смрт и право за интервенција во грузиските династически дела.

Следната мисија на Јован Халд била да замени солунскиот дук Григориј Таронит, кој загинал во борба против Самоил во 995 година. Во Солун Јован довел со себе контингенти од анадолските земји, но не успеал да ги запре нападите на Самоил. Во 996 година паднал во заседа и бил заробен. Останал во заробеништво дваесет и две години - до освојувањето на Самоиловото царство во 1018 година. Предаден бил на император Василиј II во 1018 година[1][3] во Сер од управителот на Струмица Драгомаж[4].

Споменат е за последен пат во 1030 година, кога царот Роман III Аргир не го послушал неговиот совет да не војува со Алеп, што доведува до поразот во Битката кај Азаз.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Cheynet, Jean-Claude. Basil II and Asia Minor, стр. 84. Във: Magdalino, Paul. Byzantium in the Year 1000. BRILL, 2002. ISBN 9789004120976
  2. Jenkins, Romilly. Byzantium: The Imperial Centuries, AD 610-1071. University of Toronto Press, 1987. ISBN 9780802066671, стр. 316
  3. Пириватрич, Сърджан. Самуиловата държава. Обхват и характер. София, Издателска група „АГАТА-А“, 2000. ISBN 954-540-020-X. Стр. 118-119, 142
  4. Рънсиман, Стивън (1993). История на Първото българско царство. София: Издателска къща „Иван Вазов“. стр. 186. Посетено на 2015-01-12.

Литература

уреди
Претходник
Григориј Таронит
Управител (дук) на Солун
995–996
Наследник
Никифор Уран