Јован Поповски
(Пренасочено од Јован Попоски)
Јован Попоски — македонски новинар, публицист, писател и сценарист.[1]
Јован Попоски | ||
Роден | 26 септември 1916 Вевчани, Струшко, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 2012 |
Животопис
уредиПоповски е роден на 26 септември 1916 година во Вевчани. Завршил средно образование. Работел како новинар-уредник на "Политика" за Македонија. Член е на ДПМ од 1972 година.[2]
Објавени книги
уреди- Една младост (романизирана биографија, 1969)
- На татковски начин (роман, 1970)
- Дримколски записи (записи, 1971)
- Дневникот на Страшо Пинџур (1972)
- Дечомани (роман, 1977)
- Август (раскази, 1979)
- Ангели со скршени крилја (раскази за деца, 1983)
- Рапорт на војникот (записи, 1985)
- Вевчанци (записи, 1986)
- Вердан (роман, 1986)
- Зловреме (роман, 1989)
- Поганици (раскази, 1989)
- Човек од првиот чин на историјата (романизирана биографија, 1993)
- Логорска романса (роман, 1994)
- Везвесе (роман, 1996)
- Желник-на далгите на животот (автобиографија, 1996)
- Сами (роман, 1996)
Извори
уреди- ↑ „НОВИНАРСТВОТО ИМА НАЈМНОГУ ЅВЕЗДЕНИ МИГОВИ“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-10-24.
- ↑ Специјално признание за Јован Поповски[мртва врска]