Јованка Житарова — македонска поп-фолк пејачка. Родена е во Неготино. Во истото место завршува основно образование, паралелно со тоа и нижо музичко образование во „Владо Арсов-Шпанац“. За време на школувањето учествува на повеќе натпревари по солфеж и пеење, а исто така настапува на многу музички манифестации во општината, како што е традиционалниот избор на „Најдобар глас“ на Неготино освојувајќи неколку награди. Исто така настапува заедно во дует со Мишко Крстевски на „Фолк Фест Валандово“ 1997 г., каде ја освојуваат првата награда од публиката со песната „Зошто Боже“. Потоа се запишува во Скопје во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ отсек соло пеење каде и завршува, а исто така и дипломира отсек соло пеење на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје 2007 г. Нејзиниот немирен и темпераментен дух не застанува овде, туку продолжува активно да се занимава со фолк-музиката. Во 2008 г. во соработка со композиторот Драги Станков и текстописецот Валентина Николова ја отпеа песната „Еј ти застани“, а истата година со истиот тим настапува на „Фолк Фест Валандово“ со композицијата „Дај дај“. Во меѓувреме препеа неколку стари македонски песни кои се најдоа на нејзиното прво цд.

Јованка Житарова
Роден(а)Неготино, СФР Југославија
ПотеклоМакедонија
Жанровифолк, поп-фолк, македонска музика
Занимањапејачка
Инструментивокал
Период на активност1997 –сѐ уште

Спотови

уреди
Спот Година Режисер
Подобро е слободна 2009. Дарио Јанковиќ
Биди сама своја среќа 2020. Зоран Зонде Стојаноски

Тв верзии

уреди
Спот Година Режисер
Ој природо 2008.
Дај дај 2008.
Еј ти застани 2008.
Давај ме мила мамо 2009.
Бело лице љубам јас 2009.
Ја излези стара мајко 2009.
Бог да бие 2009.
Јас те пратив на вода Калино 2009.
Билбил пее 2009.
Пилето ми пее 2009.
Параходот 2009.
Кога се мажеше што ти се чинеше 2009.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди