Јована Бракочевиќ
Јована Бракочевиќ (родена на 5 март 1988 година) е професионална српска одбојкарка, била членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освоила сребрениот медал на Летните олимписки игри во 2016 година, а исто така и сребрениот медал на Европското првенство 2007 година во Белгија и Луксембург. Таму била прогласена за најдобра серверка на турнирот. Јована била и членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освоила златниот медал на Европското првенство во Србија и Италија во 2011 година. На тоа првенство била избрана за МВП на турнирот.
Кариера
уредиЈована настапувала за селекцијата на Србија на Летните олимписки игри 2008, 2012 и 2016 година. Во 2016 година на летните олимписки игри во Рио го освоила сребрениот медал.[1] [2]
Во сезоната 2010/2011 настапувала за екипата на Гуангжу Евергранд во 361° кинеската женска одбојкарска лига.
Во јуни 2011 година, екипата на ЈТ Марвелоус објави дека ќе се приклучи за идната сезона.[3]
Јована го освоила златниот медал и наградите МВП и за најдобар напаѓач во натпреварите од Европската лига 2011 година.[4]
Бракочевиќ го освоила златниот медал на Светското клупско првенство во 2013 година и наградата за најкорисен играч играјќи со клубот на Вакифбанк од Истанбул.[5]
Клубови
уреди- Поштар 064 од Белград (2004–2007)
- Спес Волеј Конеглиано (2007–2010)
- Гуангдонг Евергранде (2010–2011)
- ЈТ Марвелоус (2011–2012)
- Вакифбанк Истанбул (2012–2014)
- Азерјол Баку (2014–2015)
- Лиу Јо Нордмеканика Модена (2016–2017)
- AАлтај ВЦ (2017)
- ЦСМ Букурешт (2018)
- Будовлани Лоѓ (2018–2019)
- АГИЛ Волеј (2019–2020)
- КПС Хемик Полис (2020–)
Награди
уредиПоединечни награди
уреди- Европско првенство 2007 „Најдобар сервер“
- 2007 година Најдобра спортистка на Војводина
- 2010 Европската лига „Најдобар напаѓач“
- 2010–11 Кинеска одбојкарска лига „Најкорисен играч“
- Европска лига 2011 „Најкорисен играч“
- Европската лига 2011 „Најдобар напаѓач“
- Светско ГП 2011 „Најдобар поентер“
- Европско првенство 2011 „Најкорисен играч“
- 2011 година „Најдобра спортистка“ од Олимпискиот комитет на Србија
- 2011 година Најдобра спортистка на Војводина
- 2012–13 ЦЕВ Лигата на шампионите „Најкорисен играч“
- Финална серија на турската лига 2012-13 „Најдобар поентер“
- Светско Гран При 2013 „Најдобар одбранбен играч“
- Светско клупско првенство на ФИВБ 2013 „Најкорисен играч“
- Најдобар напаѓач на Европското првенство ЦЕВ 2013
Клубови
уреди- 2010-11 Кинеска прва лига - финалисти со екипата на Гуангжу Евергранде
- 2012-13 Освоен е Турскиот куп - со екипата на Вакифбанк Спор Клуб
- 2012–13 ЦЕВ Освоена е шампионската лига- со екипата на Вакифбанк Спор Клуб
- 2012-13 освоен е турската одбојкарска лига - со екипат на Вакифбанк Спор Клуб
- 2013 Светски клубски шампион - со екипата на Вакифбанк Истанбул
- 2018 освоена е првта романска лига - со екипата на ЦСМ од Букурешт
- 2018-19 финалист со екипата на Будовлани од Лоѓ
- 2020-21 освоен е полскиот куп со екипата на КПС Хемик Полис
Наводи
уреди- ↑ „Jovana Brakočević Bio, Stats, and Results“. Olympics at Sports-Reference.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-07-22. Посетено на 2017-07-10.
- ↑ „Team Roster - Serbia“. rio2016.fivb.com. Посетено на 2017-07-10.
- ↑ JT website(ja). „ヨヴァナ・ブラコチェヴィッチ選手の入部が決定しました“. Посетено на 2011-11-11.
- ↑ CEV (2011-07-15). „Serbia claims third consecutive crown“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-07-16.
- ↑ „Vakifbank Istanbul fly to first Women's Club World Champs title, China claim bronze“. Zurich, Switzerland: FIVB. 2013-10-13. Посетено на 2013-10-13.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Глас јавности: Бунтовница со разлогом Архивирано на 4 октомври 2012 г., интервју со Бракочевиќ, 30 април 2006 година (на српски)