Јоана Димитриу
Јоана Димитриу (романски: Ioana Dumitriu; р. 6 јули 1976) е романско-американска математичарка, која работи како професор по математика на Универзитетот во Вашингтон.[1] Нејзините истражувачки интереси ги вклучуваат теоријата на случајни матрици, бројчените анализи, научното користење на компјутерите и теоријата на игри.
Живот
уредиДимитриу е ќерка на двајца романски професори по електротехника од Букурешт. На почетокот на нејзиниот живот таа покажувала знаци дека има математички талент, а на 11 години победила на националниот натпревар по математика. Се вклучила во кампови за обука по математика, за подготвување за учество на романскиот тим на Меѓународната Математичка Олимпијада, иако нејзиното највисоко ниво на учество на олимпијадие бил националниот полуфинален натпревар.[2]
Како 19-годишен бруцош на Универзитетот во Њујорк, Димитриу веќе посетувала часови по математика за дипломанти.[3] Дипломирала со највисока чест од Универизтетот во Њујорк во 1999 година со Б.А. по математика и мало познавање по компјутерски науки.[1] Докторирала во 2003 година на Институтот за технологија во Масачусетс, под надзор на Алан Еделман, со тезата за статистички специјален сет од скалари придружени со линеарен систем од равенки за бета групи на примероци.[4][5] По пост-докторското истражување како истражувачки соработник на Милер на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, се приклучила кон факултетот на Универзитетот во Вашингтон во 2006 година.[1]
Награди и признанија
уредиДимитриу ја добила наградата Алис Т. Шафер за извонредност по математика, како недипломирана жена во 1996 година,[3] како и наградата „Лесли Фокс“ за бројчена анализа во 2007 година[6] (доделена на млад истражувач на бројчени анализи, кој се истакнува и со математички и со презентациски вештини). Во 2009 година ја добила наградата КАРИЕРА од Националната Фондација за Наука.[7] Во 2012 година, таа станала една од инаугуративните соработници на Американското математичко друштво.[8]
Прва жена соработник на Патнам
уредиВо 1996 година, како средношколец (или втора година на универзитет) на Универзитетот во Њујорк, Димитриу станала првата жена што станала соработник на Патнам, што значи дека таа освоила една од првите пет резултати на математичкиот натпревар Вилијам Лоуел Патнам. Во 1995, 1996 и 1997 година ја освоила наградата Елизабет Ловел Путман, која се доделува на врвната жена на натпреварот, што е рекорд што не бил изедначен дури десет години подоцна, кога Алисон Милер ја освоила истата награда во три последователни години.[9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Curriculum vitae Архивирано на 25 септември 2013 г., 2009, retrieved 2014-12-24.
- ↑ Arenson, Karen W. (May 1, 1997), „Q: How Many Women Have Won the Top Math Contest?“, New York Times
- ↑ 3,0 3,1 Seventh Annual Alice T. Schafer Prize Архивирано на 30 јули 2016 г., Association for Women in Mathematics, retrieved 2014-12-30.
- ↑ Јоана Димитриу at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ Dumitriu, Ioana (2003). Eigenvalue statistics for beta-ensembles (Thesis). Massachusetts Institute of Technology. MR 2717094.
- ↑ IMA Leslie Fox Prize for Numerical Analysis Winners, retrieved 2014-12-24.
- ↑ „CAREER Award“. nsf.gov. Посетено на 2018-03-24.
- ↑ List of Fellows of the American Mathematical Society, retrieved 2014-12-24.
- ↑ Putnam Competition Results: Harvard Captures Top Prize, Mathematical Association of America, March 17, 2008, retrieved 2014-12-24.
Одбрани публикации
уреди- Dumitriu, Ioana; Edelman, Alan (2002). „Matrix models for beta ensembles“. Journal of Mathematical Physics. 43 (11): 5830–5847. arXiv:math-ph/0206043. Bibcode:2002JMP....43.5830D. doi:10.1063/1.1507823. MR 1936554.
- Demmel, James; Dumitriu, Ioana; Holtz, Olga (2007). „Fast linear algebra is stable“. Numerische Mathematik. 108 (1): 59–91. arXiv:math/0612264. doi:10.1007/s00211-007-0114-x. MR 2350185.
Надворешни врски
уреди- Јоана Димитриу објавени подредени дела од Гугл сколар