Јисраел Техијат (во превод Израелска преродба) била младинска еврејска организација која била оформена во Скопје во 1919 година. Основач бил Давид бен Јаков Хасон (18931923), ционистички активист, кој ги одушевувал младите со своите идеи. По неговата смрт организацијата претрпела криза сè до доаѓањето на Адолф Барух, кој повторно ја заживеал. Целокупната еврејска младина над 14 години била ангажирана во организацијата. Заедничкото дружење помеѓу момчињата и девојчињата, па макар и во спортските активности, претставувало причина за силни реакции од патријархалните елементи. Набрзо биле основани две одделни младински спортски екипи: „Бене Исраел“ (машка) и „Макаби“ (женска) екипа.[1]

Наводи

уреди
  1. Zeni Lebl, Plima i slom iz istorije Jevreja Vardarske Makedonije, Gornji Milanovac, 1990