Јехуда Амихај
Јехуда Амихај (3 мај 1924 – 22 септември 2000) беше израелски поет. Многумина, и во Израел и во светот, го сметаат Амихај за највеличествениот израелски модерен поет.[1] Исто така, тој е меѓу првите што пишувале на разговорен хебрејски.[2]
Јехуда Амихај | |
---|---|
Роден/а | 3 мај 1924 Вилзбург, Германија |
Починат/а | 22 септември 2000 Израел | (возр. 76)
Јазик | хебрејски |
Државјанство | Израел |
Жанр | Поет |
Амихај е добитник на многу награди, меѓу кои и на Златен венец на Струшките вечери на поезијата во 1995.
Творештво
уредиПоезијата на Амихај обработува настани од секојдневниот живот и филозофски полемики за значењето на животот и смртта. Карактеристични за неговата поезија се благата иронија и оригиналната сликовитост. Како и повеќето секуларни израелски поети, тој се „бори“ со верата во религијата. Во неговите поеми можат да се најдат наводи кон Бог и религиското искуство.[3] Беше опишан како поет-филозоф во потрага по пост-теолошки хуманизам.[4] За Амихај се вели дека имал „ретка способност да ја претвори личната, дури и приватна, љубовна ситуација, со сите нејзини радости и таги, во сечие искуство“.[5]
Некои ги сметаат неговите метафори за богохулни.[6] Во неговата поема „И ова е твојата слава“ (Vehi Tehilatekha), на пример, Бог се наоѓа под Земјината топка како механичар под кола и залудно се обидува да ја поправи. Во поемата „Боговите се менуваат, молитвите остануваат исти“ (Elim Mithalfim, ha-Tfillot Nisharot la-Ad), Бог е прикажан како туристички водич или магионичар.
Значење и влијание
уредиПоезијата на Аминај е тема на краткиот расказ „Отсутна рима“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[7]
Белешки
уреди- ↑ Yehuda Amichai criticism
- ↑ „Books and Writers: Yehuda Amichai“. Архивирано од изворникот на 2005-01-04. Посетено на 2021-08-10.
- ↑ Does David still play before you?: Israeli poetry and the Bible, David C. Jacobson
- ↑ Chana Kronfeld, The Wisdom of Camouflage" Prooftext 10' 1990 pp469-
- ↑ Poetry Foundation: Yehuda Amichai
- ↑ Sacrilegious Imagery in Yehuda Amichai's Poetry, Yoseph Milman, 1995, Association for Jewish Studies
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 458.