Јени амам (Солун)
Јени амам (грчки: Γενί Χαμάμ, турски: Yeni Hamam) — поранешна османлиска бања која се наоѓа во Солун, Грција.
Јени амам Γενί Χαμάμ Yeni Hamam | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Солун, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Почната | 16 век |
Објектот се наоѓа на улицата „Касандaр“, до раскрсницата со улицата „Агиос Николаос“.
Веројатно била изградена во последната четвртина на 16 век од Хусрев Кетјуда. Зградата престанала да функционира откако Солун бил вклучен во териториите на Грција во 1913 година. Во 1937 година била купена од приватно лице, кој ја користел како магацин. Денес зградата продолжува да е во приватна сопственост и се користи за културни настани.[1][2][3].
Наводи
уреди- ↑ Βυζαντινά και Μεταβυζαντινά Μνημεία της Θεσσαλονίκης, Ρέκος, Δ.Ναλπάντης, Θεσσαλονίκη 1997, σελ.146
- ↑ Θεσσαλονίκης Εγκόλπιον, Εξάντας, Χ. Ζαφείρης, Αθήνα 1997, σ.136
- ↑ Yeni Hamam[мртва врска]