Јенифоча
Јенифоча (тур. Yenifoça) е град во областа Фоча, во округот на Измир, во Турција, со 11.652 жители.
Панорамски поглед на Јенифоча | |
Mестоположба | |
---|---|
Местоположба на Јенифоча на картата на Турција | |
Координати |
|
Општи податоци | |
Име - изворно |
Јенифоча Yenifoça |
Поштенски број | 35687 |
Повикувачки број | 0232 |
Автомобилска ознака | 35 |
Портал | www.yenifoca.bel.tr/ |
Управа | |
Земја | Турција |
Регион | Егејски |
Провинција | Измир |
Округ | Фоча |
Географија | |
Надморска височина | 1 m |
Население | |
Население | 11.652 жители година: |
Потекло на името
уредиНапишани пооделно зборовите Yeni Foça имаат значење Нова Фоча. Името влече потекло од окружниот центар Фоча (Foça) кој месното население често го нарекува Eskifoça (Стара Фоча).
Географија
уредиЈенифоча се наоѓа на околу 80 km северозападно од Измир и 20 km од Фоча. Toa е мало туристичко место сместено во залив со мало пристаниште, со голем број на стари куќи градени во Отомански и Грчки стил. Во последниве години, овој мал град стана многу популарен за оние кои бараат втор дом, особено од покраината Измир.
Култура
уредиМногу делови од населбата се под строга заштита на животната средина, особено поради вредноста на флората и фауната, посебно по должината на патот северно од Фоча до Јенифоча, кој поминува покрај бројни хотели и вили за одмор од кои има прекрасен поглед на морската широчина. Како заштитни мерки, новите градби не се дозволени во многу делови на оваа област, со намера да се сочува единствената градба, составена главно од стари куќи.
Надворешни врски
уредиОфицијално мрежно место Архивирано на 10 декември 2008 г.