Јајце на војвотката Малборо (Фабержеово јајце)
Јајце на војвотката Малборо познато и како Розова отровница[1] - украсно емајлирано велигденско јајце изработено од Михаил Перхин под надзор на рускиот изработувач на накит Карл Фаберже во 1902 година.[2]
Војвотката на Малборо | |
---|---|
Година на изработка | 1902 |
Нарачател | Консуело, Војвотката на Малборо |
Примател | Консуело, Војвотката на Малборо |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Виктор Векселберг Фабержеов музеј, Русија |
Година на стекнување | 2004 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаил Перхин |
Изненадување | нема (јајце часовник) |
Јајцето на војвотката Малборо е едиснтвеното Фабержеово јајце кое е нарачано од страна на американец, и е инспирирано од часовникот на Луј XVI со вртежни стрелки. Наликува на претходно изработеното царско Сино јајце-часовник со змеј.[2]
Историја
уредиЈајцето било изработено за Консуело Вандербилт, која станала војвотка на Малборо во 1895 година кога се омажила со Чарлс Спенсер-Черчил.[2]
Во 1902 година, војвотката и нејзиниот сопруг допатувале во Русија, каде вечерале со царот Николај II и ја посетиле неговата мајка, Марија Феодоровна во Анихковата палата. За време на посетата, војвотката сигурно ја видела големата колекција на Фабержеови изработки кои ги поседувала царицата, кои најверојатно ја поттикнале да го нарача јајацето.[2] Се верува дека цената за неговата изработка изнесувала 5.000 рубљи.[2]
По разводот од војводата на Марлборо, таа го донирала јајцето на добротворна аукција во 1926 година. Јајцето била купено од Гана Валска, втората сопруга на Харолд Меккормик, раководителот на Интернационал.[2] На аукцијата организирана од Сотби во 1965 година на нејзиниот имот, било купено од Малколм Форбс. Ова е првото од неколкуте јајца кои биле откупени од страна на Форбс.[2]
Во 2004 година, било продадено како дел од Форбсовата колекција на Виктор Векселберг. Векселберг исто ткак откупил девет царски велигденски јајца, како дел од колекцијата, за скоро 100 милиони години.[3] Јајцето денес е дел од Векселберговата колекција при Фабержеов музеј, Русија.
Наводи
уреди- ↑ „Mieks Fabergé Eggs“. Wintraecken.nl. 2016-10-29. Архивирано од изворникот на 2015-03-03. Посетено на 2019-10-08.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Fabergé - Treasures of Imperial Russia“. Архивирано од изворникот на 2007-08-23. Посетено на 2007-12-11.
- ↑ Romanov, Pavel. „Buying Putin's Indulgences“. Energy Tribune. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2007-12-11.
Надворешни врски
уреди- Details about the Duchess of Marlborough egg - The Link of Times foundation