Јахуди амам (Солун)
Јахуди амам (грчки: Γιαχουντί Χαμάμ, турски: Yahudi Hamamı) — поранешна османлиска бања која се наоѓа во Солун, Грција.
Јахуди амам Γιαχουντί Χαμάμ Yahudi Hamamı | |
---|---|
Поглед кон амамот | |
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Солун, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Почната | 16 век |
Амамот се наоѓа меѓу улиците „Василевс Ираклиј“ и „Франгинис“ во населбата „Лададика“.
Се претпоставува дека бил изграден во 16 век. Името Јахуди (на турски евреин) го добил по тоа што се наоѓа во еврејската трговска зона на градот. Освен под тоа име, позната е и како Пазар амам (Παζάρ Χαμαμί, Pazar Hamami), бидејќи се наоѓала во центарот на пазарот.
Денес зградата се користи за културни настани[1].