54°04′34″N 37°31′34″E / 54.07611° СГШ; 37.52611° ИГД / 54.07611; 37.52611

Родната куќа на Толстој .

Јасна Полјана (руски: Я́сная Поля́на) — месност која се наоѓа на 12 км југозападно од Тула, Русија. Јасна Полјана е местото каде се наоѓа родната куќа на Лав Толстој, руски книжевник, а денес претставува музеј на Лав Толстој.[1]

Лав Толстој се родил во куќата во Јасна Полјана, а воедно и таму ги напишал познатите „Војна и мир“ и „Ана Каренина“. По смртта на Толстој, неговото тело е закопано во близина на неговата куќа. Самиот Толстој често ја именувал Јасна Полјана како негова „непристапна книжевна тврдина“.[2]

Во јуни 1921 година, поседот бил национализиран и така службено станал негов меморијален музеј. Првично музејот бил управуван од Александра Толстаја, неговата ќерка. Актуелен директор на музејот е пра-пра-правник Владимир Толстој.[3][4] Во самиот музеј се наоѓаат личните работи на Толстој, како и неговата библиотека од 22.000 парчиња. Во Јасна Полјана е неговата куќа, училиштето за деца-сиромаси и паркот каде се наоѓа гробот на Толстој.

Историја на сопствеништво

уреди

Поседот во Јасна Полјана првично бил во сопственост на семејството Карцеви. Во 18 век поседот бил купен од генералот Сергеј Волконски, а подоцна го предал на неговиот син, Николај Волонски,[5] дедо на писателот. Николај живеел во делот кој денес се именува како „Волонскиева куќа“ пред да нарача да се изгради нова еднокатна куќа во 1810 година, на највисокото место во месноста.[6] Тој исто така изградил штали, бања, летна кујна и две оранжерии поврзани со галерија,[7] и создал француска градина, англиска градина со каскадни бари, долга патека со брези и дабови.[8] Николај имал една ќерка и поседот и припаднал неа, Марија Николајевна. Нејзиниот сопруг, Николај Илич Толстој, воен ветеран од времето на битките со Наполеон во 1812 година, додал втор спрат на куќата и така обезбедил кров за големото 13 члено семејство.[9]

По смртта на Толстој

уреди
 
Гробот на Толстој, во Шумата од стариот ред, Јасна Полјана.

Во 1911 година, сопругата на веќе починатиот Лав Толстој испратила барање до цар Николај II со цел Јасна Полјана да се назначи за музеј. Ова барање било одбиено од царот, но одобрил пензија за семејството со што се овозможило местото да биде одржано како што било.

Во 1919 година советската влада и официјално ја презела Јасна Полјана, односно местото било национализирано, и Јасна Полјана била под закрила на владата. Официјалната национализација била извршена во 1921 година и целиот комплекс бил именуван за музеј. Првата година имало 3,147 посетители.[10]

Во октомври 1941 година, како што Германците се приближувале кон Москва, така сета поставка во музејот била спакувана во 110 сандаци и испратена прво во Москва, а подоцна во Томск. Јасна Полјана била окупирана од Германците 45 дена, со што музејот бил претворен во болница и германските војници кои умреле во „болницата“ биле закопани околу гробот на Толстој. По војната нивните останки биле преместени на друго соодветно место. За време на окупацијата имало пожар со што бил оштетен горниот дел од куќата. По војната, поседот бил реставриран во првобитниот изглед.[11]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Rosamund Bartlett, Tolstoy a Russian Life, Profile, 2011, pviii, p22
  2. Suzanne Massie, Land of the Firebird, p. 308
  3. Vladimir Ilyich Tolstoy Архивирано на 23 февруари 2019 г. at the official Yasnaya Polyana website
  4. Living with Leo: Tolstoy's impressive dynasty by Holly Williams of The Independent, 20 November 2010
  5. Rosamund Bartlett, Tolstoy a Russian Life, Profile books, 2011, p22
  6. Rosamund Bartlett, p24,25
  7. Rosamund Bartlett, p25
  8. Official site of Yasnaya Polyana Museum (руски)
  9. Rosamund Bartlett, Tolstoy a Russian Life, Profile, 2011, p38
  10. Official website of Yasnaya Polyana
  11. Anton Sterzl - Das Tolstoi-Haus, 1992, Langen Müller in der F.A. Herbig Verlagsbuchhandlung GmbH München, Germany

Литература

уреди
  • Suzanne Massie, Land of the Firebird, the Beauty of Old Russia, Simon and Schuster, New York 1980.
  • Aleksey Zveryev and Vladimir Tunimanov, Lev Tolstoy, Moldaya Gvardiya Publishers, Moscow, 2007 (руски), ISBN 978-5-235-03037-4.

Надворешни врски

уреди