Јарослављево дворишче

Јарослављево дворишче (Ярославово Дворище) — историски и архитектонски комплекс кој настанал во периодот помеѓу X и XI век во градот Голем Новгород, на северозапад од Руската Федерација. Наоѓалиштето се наоѓа на десниот брег на реката Волхов наспроти новгородскиот кремљ, каде се наоѓале најбитните пазари во времето на новгородската кнежевина, додека во периодот на постоењето на новгородската република тука често се сотанувал советот на Новгород.

Одлики

уреди

Наоѓалиштето го добил името по новгородскиот и киевскиот кнез Јарослав Мудри а во старите летописи наоѓалиштето бил познат и како Дворот на Јарослав (Ярославов двор), додека помеѓу месното население се означувало едноставно како Кнежевскиот двор (Княжеский двор). По 1136 година, кога Кнежевиот двор бил преместен од градод во блиското Рјуриково городишче на подрачјето на Дворот на Јарослав честопати се одржувале седници на советот на Новгород, кој одлучувал за најважните прашања поврзани со Републиката Новгород. Советот според историските списи, воглавно заседувал на плоштадот со површина не поголема од 2.000 м² пред Никољски соборен храм. Никољскиот храм кој бил граден во периодот помеѓу 1113 и 1136 година претставува друга најстара градба на подрачјето на денешниот Новгород, одма после после саборната црква Света Софија.

Целиот локалотет Дворот на Јарослав денеска се наоѓа на листата за културни наследства на Руската Федерација каде е заведедн под бројот 5310046000,[1] а исто така се наоѓа и на листата за историјски споменици на Новгород и околината и на списокот на Светско наследство на УНЕСКО.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Культурное наследие Российской Федерации, объект № 5310046000“. Архивирано од изворникот на 29. 01. 2012. Посетено на 12 мај 2015. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)

Надворешни врски

уреди