Јапонски змејови
Јапонски змејови (日本の竜 Nihon no ryū) — различни митски суштества во Јапонската митологија и фолклор. Јапонските митови за змејовите се амалгам од домородски легенди и увезени приказни од Кина, Кореја и Индија. Ликот на кинескиот змеј бил земен како пример за да се направи ликот на јапонскиот. Како и другите азиски змејови, повеќето јапонски змејови се водени божества, и најчесто се прикажани како големи, змијовидни суштества без крилја и со канџи.
Кинескo-јапонски змејови
уредиЈапонските митови за змејови се главно засновани врз кинеските митови. Јапонските зборови за змеј се напишани со kanji (кинески знаци). Многу јапонски имиња за змеј се позајмени зборови од кинескиот јазик.
Некои автори прават разлика помеѓу Јапонскиот „ryū змеј“ и кинескиот „долг змеј“ според бројот канџи на нивните нозе.
За време на втората Светска Војна, јапонската војска именувала многу оружја по кинески змејови.
Индо-јапонски змејови
уредиКога Будистичките калуѓери од другите делови на Азија ја донеле својата вера во Јапонија, тие донеле легенди за змејови и змии од будистичката и од хинду митологија. Најзначајните примери се „nāga ナーガ“ или „龍 "Nāga“; божеството на дождот и заштитник на будизмот; и nāgarāja ナーガラージャ или 龍王 ”Nāgaraja (Нагаража); кралот на змиите и на змејовите.
Храмови на змејови
уредиПреданијата за змејовите се традиционално поврзани со будистичките храмови. Митовите за тоа дека, змејовите живеат во езера и реки блиску до храмови се на широко чуени. Имињата на храмовите се често поврзани со змејови.
Светилишта на змејови
уредиЈапонските змејови се поврзани и со Шинто светилиштата, како и со Будистичките храмови.
Се верувало дека, Ицукошима светилиштето (Itsukushima) на островот Мијаџима (Miyajima) во јапонското внатрешно море било дом на ќерката на морскиот бог Ryūjin.
Галерија
уреди-
.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Јапонски змејови на Ризницата ?
- Dragons of Fame: Japan, The Circle of the Dragon
- The Japanese Dragon Архивирано на 20 јуни 2008 г., Dragonorama
- Ryūjin shinkō Архивирано на 24 септември 2020 г., Encyclopedia of Shinto
- The Azure Dragon of the East Архивирано на 8 декември 2012 г., Steve Renshaw and Saori Ihara
- Ryuu 龍, Japanese Architecture & Art Net User System
- Japanese Dragon Tattoos Архивирано на 26 септември 2017 г., The Japanese dragon in tattoo art
- Dragon Festival for rainmaking in Nio, Japan Архивирано на 26 мај 2015 г.NHK(video)