Јапеју
Јапеју (шпански: Yapeyú) е град во покраината Кориентес, во департманот Сан Мартин во Аргентина. Гратчето има околу 2.000 жители според пописот од 2001 година. Гратчето е познато бидејќи тоа е родното место на јужноамериканскиот ослободител Генерал Хосе де Сан Мартин. Исто така во градот се наоѓа и локално познатиот споменик „Арко Трунко“.
Јапеју Yapeyú | |
---|---|
град | |
Држава | Аргентина |
Покраина | Кориентес |
Департман | Сан Мартин |
Надм. вис. | 54 м |
Население | |
• Вкупно | 2.124 |
Демоним | yapeyuense |
Час. појас | ART (UTC-3) |
Пош. код | W3231 |
Тел. број | +54 3772 |
Потекло на поимот
уредиЗборот „Јапеју“ доаѓа од гваранскиот израз и значи „созреано (скапано) овошје“. Во периодот кога се основал градор и реката Гвавирави исто така се нарекувала Јапеју.[1]
Историја
уредиГрадот бил основан на 4 декември 1626 година од Језуитот Педро Ромеро. Првичното целосно име било Вилја де Нуестра Сењора де лос Сантос Рејес Магрос и Јапеју (Villa de Nuestra Señora de los Santos Reyes Magos y Yapeyú). Овој град е еден од 30-те мисии основани на почетокот на 17 век кои биле подоцна, во 1817 година, уништени од португалската армија. Градот подоцна бил повторно основан и се зачувала малата тврдина која кон крајот на 18 век била дом на Хуан де Сан Мартин и неговата жена Грегорија Маторас.
Литература
уреди- Galasso, Norberto (2009). Seamos Libres y lo demás no importa nada. Buenos Aires: Colihue. ISBN 978-950-581-779-5.
Наводи
уреди- ↑ Galasso, p. 12
Надворешни врски
уреди„Јапеју“ на Ризницата ? |