Јазик (орган)
(Пренасочено од Јазик (анатомски орган))
Јазикот (латински: lingva) е подвижен мускулен орган, на кој разликуваме врв, тело и корен, преку кој е прицврстен за дното на усната празнина. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили.
Вкусот, допирот и болката кај јазикот се осетуваат со помош на папилите (соодветни рецептори):
- Кончести папили (papilae filiformes), за допир и болка, сместени на врвот од јазикот
- Габовидни папили (papilae fungiformes), вкусни папили сместени на телото на јазикот
- Жлебести папили (papilae valatae), вкусни папили сместени на коренот од јазикот
- Листовидни папили (papilae foliate), вкусни папили сместени на рабовите на јазикот.
Јазикот, освен што учествува во ингестијата и мешањето на храната, е сетило за вкус и орган за артикулација на говорот. Јазикот е способен да разликува четири вкусови: солено, слатко, кисело и горчливо.
Јазикот како мотив во уметноста и во популарната култура
уредиНаводи
уреди- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 30.
- ↑ DISCOGS, R.E.M. – Monster (пристапено на 17.2.2021)