Јаболкови цветови (Фабержеово јајце)
Јајцето „Јаболкови цветови“, познато и како Јајце „Жадово ковчеже“, е фабержеово јајце создадено во работилницата на Петер Карл Фаберже за богатиот руски индустријалец Александар Келх кој и го подарил на својата сопруга како велигденски подарок во 1901 година. Бидејќи не бил подарок од руски император кон неговата императорка, не се смета за „императорско“ фабержеово јајце, туку, во овој случај, се нарекува едно од "келховите" јајца. Тоа е едно од најголемите вакви јајца досега создадени во работилницата на Фаберже.[1] Исто така, тоа е едно од ретките фабержеови јајца, кое лежи на страна, а не е исправено.
Јаболкови цветови | |
---|---|
Година на изработка | 1901 |
Нарачател | Александар Келх |
Примател | Варвара Келх-Базанова |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Лихтенштајн |
Година на стекнување | 2010 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаил Перхин |
Употребен материјал | нефрит, зелено и црвено злато, сребро, розов и бел емајл, дијаманти, кадифе |
Висина | 11,5 cm |
Ширина | 14 cm |
Изненадување | Изгубено |
Во ноември 1996 година, еден човек по име Адулф Петер Гоп, собирач на уметнички дела од Лихтенштајн, го купил јајцето на аукција на Сотби. Потоа, во 2010 година, непосредно пред неговата смрт, Гоп го предал јајцето на државата Лихтенштајн, која сега го има јајцето во нејзиниот Лихтенштајнсски Државен Музеј во градот Вадуц.[2]
Наводи
уреди- ↑ Suzi Love (1 април 2014). Easter In Images: Book 2 History Events. Suzi Love. стр. 1. ISBN 978-0-9923456-9-3.
- ↑ Sydney Luxarazzi (20 април 2014). „Luxarazzi 101: Fabergé's Apple Blossom Egg“.