Ѓорѓи Ицоски
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ѓорѓи Ицоски (р. 3 мај 1984 во Крушево) — македонски биатлонец и крос-кантри скијач.
Ицоски ја започнал својата кариера во клубот од својот роден град, „Мусица“, а од 2007 година по неколкугодишната кариера во нордиско трчање се појавил на Европското првенство по биатлон (Банско, Р. Бугарија) каде бил рангиран на 19 место во дисциплината спринт. Истата година настапил на Светскиот куп во биатлон каде се пласирал на 65. место. Во 2007/08 сезона Ицоски дебитира на Светско првенство. Тој настапи на првата биатлон трка воопшто во историјата на македонскиот биатлон во Оберхов каде што заврши на 97. место. Малку подоцна тој бил 90. на спринтот во Антхолц, Швајцарија, досега неговиот најдобар резултат во Светскиот куп. Во Естерсунд, Шведска, Ицоски завршил на 107. позиција, во спринт беше 111-ти. На Светското првенство 2008 година во Нове Место тој е рангиран на 72. во сингл и 77. во спринт.
Ицоски е активен и како крос-кантри скијач од 2002 година, каде истата 2002 учествуваше на Светското јуниорско првенство во Шонах, Германија но без значајни резултати. Подоцна тој учествува на FIS трки и на Балканскиот Куп со добри резултати. Во 2003 година настапи на Светското првенство во Вал ди Фиеме постигнувајќи го својот најдобар резултат -71. место во спринт. 2005 во Минхен беше 85 на спринтот. По третпат, тој учествуваше на Светски куп, овојпат одржан во Либерец, но не ја заврши трката. Во 2008 година на Македонското републичко првенство (Крушево, Р Македонија) го освоил првото место и покрај тоа што на половина од трката бил петти. Во 2009 година на Светското првенство во биатлон (Пјонгчанг, Ј. Кореја), завршува на 112 место во спринтот. За жал Ицоски и покрај обезбедената норма за настап на Олимписките игри во Ванкувер, тој не учествувал
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |