Ѓон (раскази)
Ѓон – македонска збирка раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 1990 година во СР Македонија.[1]
Автор | Драги Михајловски |
---|---|
Изработувач на корицата | Методија Николовски |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази |
Издавач | Скопје : Култура, 1990 (Тетово : Напредок) |
Издадена | 1990 |
Медиум | печатено издание, 20 mm |
Страници | 98, [1] стр |
ISBN | 86-317-0109-2 |
Содржина
уредиКнигата ги содржи расказите:
- Мајстор;
- Случка;
- Свртничар;
- Коледе;
- Сведок;
- Врска;
- Месечари;
- Печуркар;
- Ѓон;
- Мечкар.
По објавувањето на неговата прва книга, „Речно улиште“, ова е книгата со која Драги Михајловски го зазема високо место во современата македонска книжевност. Сконцентрирани, сублимирани, мајсторски избалансирани, расказите соодветствуваат со светските книжевни корелации, обединувајќи го „локалното“ во еден модернистички ракурс кој е по значење и творечки потенцијал на рамниште со современиот литературен наратив во светот.
Оттаму, набрзо по објавувањето на „Ѓон“ некои од неговите раскази ќе бидат преведени во Словенија, а подоцна и во некои антологии на современиот европски расказ.
Особено, во оваа книга, Михајловски се истакнува и со антологискиот расказ „Ѓон“ во кој не само што милјето на случување Битола и начинот на кој го спојува таканаречениот „реализам“ со одредени „фантазмогорични“ блиска до Петроградските раскази на Гогољ па сè до раскажувачката постапка на Исак Башевис Сингер.
Со оваа збирка всушност Драги Михајловски се најавува како извонреден раскажувач, чиј опус допрва ќе биде превреднуван, истражуван и афирмативно преиспитуван.