Мирјана Ѓорѓиева

македонски геолог

Мирјана Ѓорѓиева (20 март 1956 година, Драмче - 2002, Скопје) ― македонски геолог.

Мирјана Ѓорѓиева
Роден 20 март 1956
Драмче, НР Македонија, ФНРЈ
Починал 2002(2002-00-00) (возр. 45–46)
Скопје, Македонија
Занимање Геолог

Животопис уреди

Мирјана Ѓоргиева била родена на 20 март 1956 година во Драмче, Делчевско. Основно училиште и гимназија завршила во Штип во 1974 година. Дипломирала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на Групата за хидрогеологија во 1980 година. Во 1980 година, се вработила во Рударско-топилничкиот комплекс ФЕНИ во Кавадарци, каде што работела како приправник и самостоен инженер за хидрогеологија на рудникот ’Ржаново. Во 1984 година, се вработила во Геолошкиот завод во Скопје, а во 1988 година, се вработила на Институтот за географија при ПМФ како помлад асистент, а во 1992 година, била избрана за асистент. Магистрирала на Рударско-геолошкиот факултет во Белград во 1992 година. Докторирала во 1996 година, на темата „Геотермални ресурси во вардарската зона и српско-македонската маса на територијата на РМ”. Во 1997 година, била избрана за доцент, а во 2002 година, за вонреден професор на Институтот за географија при ПМФ. Студиски престојувала во Грција, Исланд и на Хаваи. Научната работа е од доменот на регионалната геологија, хидрогеологијата и геотермалната енергија. Има објавено околу 50 научни и стручни трудови во Македонија и странство. Била член на Македонското геолошко и Македонското географско друштво. Починала во 2002 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 44-45. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)