Душан Манаковиќ (роден на 19 март 1924 година во Скопје - починал на 12 август 1995 година во Скопје) — македонски геоморфолог, редовен професор на Институт за географија, Природно-математичкиот факултет.[1]

Душан Манаковиќ
Роден 19 март 1924
Скопје, Кралство СХС
Починал 12 август 1995(1995-08-12) (возр. 71)
Скопје, Македонија
Народност Македонец
Занимање Геоморфолог

Животопис уреди

Манаковиќ завршил основно и средно образование во Скопје. Активно учествувал во Народноослободителната војна од 1944 година. По демобилизацијата во 1946 година, работел како службеник во текстилната фабрика „Прогрес“, а од 1948 г. во Министерството за индустрија и рударство на НР Македонија. Студиите по географија ги завршил како вонреден студент во 1952 година. Во 1954 година бил избран за асистент на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1960 година докторирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Геоморфологија на поречието на Бабуна и Тополка со Титоввелешката Котлина“. Во 1961 година, бил избран во звање доцент, во 1966 година, за вонреден професор, а во 1972 година, за редовен професор, во кое звање бил преизбран во 1981 година. На 1 мај 1980 година, тој станал декан на Географскиот факултет. Основач е и претседател на Спелеолошкото друштво на Република Македонија. Главно работи во областа на геоморфологијата и има обработено поголем број студии и проекти. Во редовна пензија заминал во 1985 година.[2]

Манаковиќ бил генерален секретар на Сојузот на спелеолозите на СФРЈ, претседател на Феријалниот сојуз при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил учесник во следните проекти: „Геоморфологија на Буковиќ“; „Бистра“; „Мариово – комплексни географски истражувања“; „Геоморфолошка карта на Р Македонија“, и повеќе секторски студии работени за Институтот за просторно планирање.

Починал во 1995 година во Скопје.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Манаковиќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 907–908. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 32-33. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)