Јордан Пенџерковски

македонски-југословенски геолог

Јордан Пенџерковски (Битола, 10 септември 1925 – Скопје, 1981) — македонски-југословенски геолог.

Јордан Пенџерковски
Роден 10 септември 1925
Битола, Кралство СХС
Починал 1981(1981-00-00) (возр. 55–56)
Скопје, НР Македонија, СФРЈ
Народност Македонец
Занимање Геолог

Животопис уреди

Основно и средно образование завршил во родното место. Дипломирал во 1952 година, на Групата за геологија на ПМФ при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработил во Геолошкиот завод на РМ, во Институтот за истражување минерални суровини. Во меѓувреме, во 1965 година, докторирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград на темата „Геолошки состав и тектонски склоп на централниот дел на Осоговските планини со осврт на појавите на Пб-Зн на подрачјето Саса-Тораница”. Долго работел на Геолошкиот завод на РМ во Скопје како научен советник. Во 1977 година, се вработил на Географскиот факултет како вонреден професор по предметите геологија со петрографија и историска геологија. Автор е на голем број трудови од областа на геологијата. Особено се истакнува како автор на Геолошката карта на РМ во размер 1:200000. Починал во 1981 година во Скопје.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 39-40. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)