Велимир Ј. Костовски

македонски-југословенски географ

Велимир Ј. Костовски (Девич, 23 октомври 1922 – Битола, 1984) ― македонски-југословенски географ.

Велимир Ј. Костовски
Роден 23 јуни 1922
Девич, Кралство СХС
Починал 22 јануари 1984(1984-01-22) (возр. 61)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
Занимање географ

Живот и дејност уреди

Гимназија завршил во Прилеп. Дипломирал на скопскиот Филозофски факултет, на Природно-математичкиот отсек, во групата географија во 1950 година, како студент на првата генерација. Потоа до 1954 година, работел како професор по географија во Велес а потоа во Битола (1954/55-1963/64), Во периодот од 1958/59 година, бил назначен за околиски просветен инспектор по предметна настава. Учествувал во образувањето на Географската секција во Битола во 1956 година, и бил прв нејзин претседател. Се занимавал и со метеорологија, спелеологија и астрономија. Од 1964 година, до неговата смрт, бил професор на Педагошката академија. Напишал околу дваесетина трудови, 4 учебници и читанки по географија за VI и VII одделение и I за II година гимназија. Бил еден од иницијаторите за создавање на Друштвото за наука и уметност во Битола (ДНУБ) и бил негов активен член. Работел на докторска дисертација за областа Демир Хисар, но прераната смрт на 22 јануари 1984 година, го спречило да ја оствари неговата животна желба.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 65-66. ISBN 978-608-65155-5-3. |access-date= бара |url= (help)