Владимир Точковски

македонски географ

Владимир Точковски (Струга, 17 мај 1925 – Битола, 1994) ― македонски географ.

Владимир Точковски
Роден 17 мај 1925
Струга, Кралство СХС
Починал мај 1994 (на 68–69 г.)
Битола, Македонија
Занимање Географ

Живот и дејност уреди

Основно образование завршил во прилепско Кадино Село и битолско Могила. Средно образование стекнал во Битола. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата географија во 1953 година. Како професор и директор работел во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и на Педагошката академија – Битола, Вишата туристичка школа во Охрид, а потоа и како надворешен соработник во Факултетот за туризам – Охрид. Од 1960 година, е редовен и активен член на Друштвото за наука и уметност - Битола (ДНУБ). Учествувал во образувањето на Географската секција во Битола, во 1956 година, која ги составил географите од Битолско, Прилепско, Крушевско и Демирхисарско. Се занимавал и со истражувања главно од регионална географија. Докторирал во 1983 година, на Институтот за географија на ПМФ, на темата: „Структурални промени на населението и просторно територијален и функционален развој на населбите во Пелагонија (Битолско - Прилепско Поле)“. Има придонес и во учебникарската дејност.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 65. ISBN 978-608-65155-5-3. |access-date= бара |url= (help)