Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот зафаќа површина 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој преставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во 9. век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на Ренесансно-хуманистичката култура во 15. век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење, со развојот на регионот во 18. и 19. век, по унификацијата од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австро-Унгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала фокусна точка на Унгарската Револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)
Од најновите статии на Википедија:
- ...денес валонскиот јазик се смета за скоро исчезнат јазик, првенствено поради доминацијата на францускиот јазик во Валонија и забраната за употреба на валонскиот јазик од 1952 година?
- ... единицата за тежина фунта во Македонија се нарекувала „литра“?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?
- ... Тајланд е поделен на дури 76 покраини?
- ... фризискиот јазик е рамноправен со холандскиот во покраината Фризија?
- ... географскиот центар на Македонија се наоѓа во Длабок Дол, во атарот на селото Долно Врановци?
- ... Википедија има изданија на вкупно 285 јазици?
- ... помеѓу XIV и XVI век, во Белорусија се користела белоруска арабица, откако доселените Татари го усвоиле белорускиот јазик, задржувајќи го писмото од татарскиот?
- ... кај екраните, секој пиксел е поделен на три „потпиксели“ за трите основни бои (црвена, сина и зелена)?
- ... летот со „Сојуз 1“ го направил Владимир Комаров прв човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, но и прв човек којшто загинал за време на лет во вселената?
- ... според УНЕСКО, во Македонија се зборуваат 7 загрозени јазици?
| 996 | Шеснаесетгодишниот Ото III е прогласен за Свет Римски Император. |
| 1871 | Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени. |
| 1881 | Основан е Американскиот Црвен Крст од страна на Клара Бартон. |
| 1904 | Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА. |
| 1927 | Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет. |
| 1932 | Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска) |
| 1945 | Венчавка на американските актери Хемфри Богарт и Лорин Бекол. |
| 1956 | Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот. |
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро. |
| 2003 | Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица. |
| 2006 | На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од СР Југославија.
|
| 1471 | Албрехт Дирер, германски сликар и гравер. |
| 1527 | Филип II, шпански крал. |
| 1688 | Александар Поуп, англиски поет. |
| 1792 | Гистав - Гаспар де Кориолис, француски математичар. |
| 1921 | Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец |
| 1923 | Васко Караџа, македонски писател. |
| 1968 | Јован Манасиевски, претседател на Либерално демократската партија. |
| 1986 | Кристијан Траш, германски фудбалер. |
| 1986 | Даниел Прањиќ, хрватски фудбалер. |
| 1988 | Адел, англиска пејачка. |
| 1471 | Хенри VI, англиски крал. |
| 1903 | Парашкев Цветков, бугарски револуционер. |
| 1991 | Раџив Ганди, индиски премиер |
| 1998 | Манол Пандевски, македонски историчар. |
| 2002 | Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. |
На други јазици
Оваа страница е достапна на 48 јазици
- Armãneashce
- Azərbaycanca
- Беларуская
- Беларуская (тарашкевіца)
- Bosanski
- Български
- Česky
- Dansk
- Deutsch
- Dolnoserbski
- English
- Español
- فارسی
- Français
- עברית
- Hornjoserbsce
- Hrvatski
- Հայերեն
- Italiano
- ქართული
- 한국어
- Latina
- Bahasa Melayu
- Nederlands
- 日本語
- Norsk bokmål
- Occitan
- Polski
- Português
- Română
- Русский
- Simple English
- Slovenčina
- Slovenščina
- Словѣ́ньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ
- Ślůnski
- Српски / srpski
- Srpskohrvatski / српскохрватски
- Shqip
- Suomi
- Svenska
- ไทย
- Татарча/tatarça
- Türkçe
- Українська
- Tiếng Việt
- Winaray
- 中文