Вовед во анатомија (прва сезона)

Првата сезона од Вовед во анатомија, американска медицинско драматична телевизиска серија развиена од Шонда Рајмс, започна да се емитува на 27 март 2005 на ABC. Сезоната заврши на 22 мај 2005, по 9 емитувани епизоди. Членови на глумечката екипа кои имаат редовна улога во првата сезона се Елен Помпео, Сандра О, Кетрин Хајгл, Џастин Џејмберс, Т.Р. Најт, Чандра Вилсон, Џејмс Пикенс Џуниор, Исаија Вашингтон и Патрик Демпси.

Вовед во анатомија 1 сезона
Земја на потекло  САД
Телевизија ABC
Прикажување 27 март 2005 – 22 мај 2005
Број на епизоди 9
DVD издание 1 регион: 14 февруари 2006
2 регион: 11 октомври 2006
Следна сезона Втора сезона

Целата сезона отпрвин служела како средносезонска замена за адвокатската драма Boston Legal, веднаш по Очајни Домаќинки. Првата сезона се емитуваше во неделите во 22 часот во САД, достигнувајќи 18.5 милиони гледачи неделно. Се најде на #9 место по гледаност. Сезона беше скратена од страна на мрежата на 9 епизоди наместо планираните 14, правејќи ја епизодата Кој кого набљудува? финале на првата сезона наместо планираното финале Донеси ја болката кое всушност се емитуваше како петта епизода од втората сезона.

Глумечка екипа уреди

Продукција уреди

Епизоди уреди

Епизода Наслов Напишана од Режирана од Емитување во САД Емитување во РМ
1-01 (1) „A Hard Day's Night“ 
„Ноќ по тешкиот ден“
Шонда РајмсПитер Хортон27 март 200525 септември 2007
Мередит Греј се вработува во болницата Сиетл Грејс каде ќе ги помине наредните 7 години како стажист. Но, уште на првиот ден Мередит добива изненадување, непознатиот човек со кој ја поминала мината ноќ, излегува дека и е шеф. Во меѓувреме, Џорџ е избран да учествува на првата операција. 
1-02 (2) „The First Cut is the Deepest“ 
„Првиот рез е најдлабок“
Шонда РајмсПитер Хортон3 април 20052 октомври 2007
Мередит е во потрага по цимери за да може да ја задржи куќата на мајка и. Изи и помага на една кинеска чија ќерка е во опасност. Мередит го посетува трудничкото крило во болницата и забележува дека нешто не е во ред со едно од бебињата. 
1-03 (3) „Winning a Battle, Losing the War“ 
„Добивме битка, ја изгубивме војната“
Шонда РајмсТони Голдвин10 април 20059 октомври 2007
Конкуренцијата се зголемува меѓу специјализантите кога се појавуваат многу повредени од велосипедска трка. Изи има потешкотија во наоѓањето на семејството на еден речиси мртов човек. Кристина се возбудува кога дознава дека семејството на човекот дозволува да ги донираат органите ако тој умре. Ова ја предизвикува Бејли да и одржи лекција на Кристина за однесувањето кон пациентите. Пациент, стар пријател на д-р Вебер, почнува да флертува со Џорџ. 
1-04 (4) „No Man's Land“ 
„Ничија земја“
Џејмс Д. ПариотАдам Дејвидсон17 април 200516 октомври 2007
Џорџ чувствува дека ја губи машкоста откако увидува дека Медерит и Изи го гледаат поинаку. Стара колешка на мајката на Мередит е примена во болницата и е изненадена кога дознава дека Елис има ќерка Изи е бесна кога Алекс ја нарекува модел, а тој скришно ќе ископира фотографии на кои таа е полугола и ќе ги залепи во соблекувалната. Додека Медерит се обидува да се справи со Алцајмеровата болест на мајка и, Дерек добива пациент, кому ноктите му се заплеткале во косата, но дијагнозата ќе покаже тумор. Еден пациент одбива да биде лечен од страна на Изи бидејќи ја препознава како модел од Бетани Виспер (компанијата во која таа работела). 
1-05 (5) „Shake Your Groove Thing“ Ен ХемилтонЏон Дејвид Колс24 април 200523 октомври 2007
Изи подготвува забава за нејзиното момче Хенк, хокеј играч. На операција на отворено срце, Мередит му асистира на Бурк, но случајно со нокт ќе ја пробие заштитната ракавица и ќе го допре срцето и ќе се двоуми дали да му каже на Бурк. Кристина открива шокантна тајна за Бурк и двајцата имаат секс. На забавата Бејли ги фаќа Мередит и Дерек како имаат секс во кола. Изи не го поканува на Алекс на забавата, но на крајот ќе реши и таа да не отиде на забавата и ја поминува ноќта во операција со Алекс. 
1-06 (6) „If Tomorrow Never Comes“ 
„Ако нема ново утре“
Криста ВернофСкот Бразил1 мај 200530 октомври 2007
Кога д-р Дерек Шепард ја одбира Мередит да му асистира на операцијата на човек болен од Пракинсонова болес, д-р Бејли мисли дека тој покажува фаворизам кон Мередит и и одржува лекција. Алекс лекува пациентка од тумор со која се спријателува, но кога пациентката дознава дека тој зборува лошо за неа зад нејзин грб бара да и го променат докторот. 
1-07 (7) „The Self-Destruct Button“ 
„Копче за самоуништување“
Кип КонигДарнел Мартин8 мај 20056 ноември 2007
Џорџ и Изи го следат Дерек и откриваат дека тој спие со Медерит. Џорџ е бесен, но Изи појавува чудна реакција. Алекс добива пациент со прострелна рана и открива дека тој го натерал неговиот пријател да го застрела. Но, од куршумот, ќе му се инфицираат тетоважите. Медерит и асистира на Бејли во случајот на пациентка која самоиницијативно направила бајпас операција во Мексико без дозвола на родителите. Тие откриваат дека операцијата е нестручно изведена и треба да ја спасат. Изи му помага на пациент кој проголтал клучеви од неговата девојка зошто таа го откачила. Бејли ја уценува Медерит да ја заврши врската со Дерек. Џорџ се сомнева дека еден анестезиолок пие алкохол за време на работното време и заспива на операциите. Кристина открива последица од спиењето со Бурк а тоа е дека е бремена. 
1-08 (8) „Save Me“ 
„Спаси ме“
Мими ШмирСара Пиа Андерсон15 мај 200513 ноември 2007
Целата болница дознава за врската на Медерит и Дерек. Алекс и Бурк се соочуваат со тинејџерка која не сака операција поради нејзината вера. Кристина и Изи лекуваат пациентка со рак на дојка, но откриваат дека таа е бремена и не може да има хемотерапија. Медерит и Дерек лекуваат пациент кој полека се парализира, а таа верува дека тоа е психосоматски проблем а не болест, но Дерек сака да го оперира. Кристина крие од Бурк за бебето и размислува за абортус. Џорџ ја запознава Оливија и се вљубува во неа. 
1-09 (9) „Who's Zoomin' Who?“ 
„Кој кого набљудува?“
Габриел Стантон & Хари ВерксманВенди Стенцлер22 мај 200520 ноември 2007
Во клиниката избива епидемија на сифилис. Вебер свикува итен состанок кога открива дека и меѓу персоналот има заразени и сите ги праќа на тестирање. Изи и Кристина се грижат за пациент кој е алкохоличар, а неговата сопруга и ќерка се караат за лекувањето. Бурк го лекува неговиот колега од факултет Бил и ќе дознае од него дека неговата сопруга е бремена, но открива дека тој е стерилен и не знае за тоа. Тој ќе се соочи со дилемата дали да му каже дека жена му го изневерила. Џорџ се сомнева дека Оливија го заразила со сифилис, но ќе збесне кога ќе го открие кој е виновникот. Ричард му се доверува на Дерек дека има проблеми со мозокот и мора да се оперира. Адисон Шепард се враќа од Њујорк кај мажот и Дерек Шепард. Медерит е шокирана.