25 септември

датум
<< септември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30
2024

25 септември — 268-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (269-и во престапна година). Остануваат 97 денови до крајот на годината.

Настани:

1493  Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет.
1513  Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан.
1555  Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките.
1825  Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.
1940  Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1946  Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1990  Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
1999  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“.

Родени:

1599  Франческо Боромини — италијански архитект.
1744  Фридрих Вилхелм II — пруски крал.
1866  Томас Хант Морган — американски биолог и генетичар, основач на генетиката и добитник на Нобеловата награда во 1933 година.
1896  Сандро Пертини — италијански политичар, адвокат и новинар.
1897  Вилијам Фокнер — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1899  Лео Јунек — хрватско-француски сликар.
1903  Марк Ротко — американски сликар.
1944  Мајкл Даглас — американски глумец и филмски продуцент.
1951  Боб Макаду — американски кошаркар и тренер.
1955  Карл-Ханјц Румениге — германски фудбалер.
1961  Хедер Локлир — американска глумица.
1965  Скоти Пипен — американски кошаркар.
1968  Вил Смит — американски глумец, продуцент и пејач.
1969  Кетрин Зета Џонс — британска глумица.
1975  Сергеј Тетјухин — руски одбојкар.
1977  Риналдо Ночентини — италијански велосипедист.
1979  Микеле Скарпони — италијански велосипедист.
1984  Златко Хорват — хрватски ракометар.

Починале:

1849  Јохан Штраус — австриски композитор.
1943  Нико Нестор — еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко.
1958  Џон Вотсон — американски психолог
1970  Ерих Марија Ремарк — германски писател.
1976  Никола Бадев — македонски пејач на народни песни.
1980  Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата „Лед цепелин“.
2003  Едвард Саид — палестинско-американски социо-културолошки теоретичар.
2003  Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
2006  Петре М. Андреевски — македонски писател.
2020  Горан Паскаљевиќ — српски режисер.