<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

3 април — 93-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (94-и во престапна година). Остануваат 272 денови до крајот на годината.

Настани:

1043  Едвард Исповедникот е крунисан за крал на Англија.
1789  Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1917  Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како „Априлски тези“.
1945  Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1948  Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 европски земји по Втората светска војна.
1973  Во Њујорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон.
1986  IBM го претставил новиот производ PC Convertible, првиот преносен сметач со димензии слични на денешните.
2008  И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.

Родени:

1461  Ана де Божу — француска принцеза, ќерка на Луј XI.
1783  Вашингтон Ирвинг — американски писател, есеист, историчар и дипломат († 1859).
1922  Дорис Деј — американска филмска глумица и пејачка.
1924  Марлон Брандо — американски филмски глумец († 2004).
1930  Хелмут Колканцелар на Германија.
1932  Јован Ивањин — македонски поет и романописец.
1942  Адемир да Гуја — бразилски фудбалер.
1943  Зоран Ковачевски — македонски писател.
1958  Алек Болдвин — американски глумец.
1961  Еди Марфи — американски глумец и комичар.
1978  Томи Хас — германски тенисер.
1984  Макси Лопес — аргентински фудбалер.
1985  Леона Луис — британска поп-пејачка.
1990  Ловре Калиниќ — хрватски фудбалер.
1995  Адријан Рабио — француски фудбалер.

Починале:

Портрет на Џејмс Кларк Рос од 1834 г.
Портрет на Џејмс Кларк Рос од 1834 г.
Јоханес Брамс
Јоханес Брамс
1171  Филип од Наблус — седмиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
1287  Хонориј IVримски папа.
1862  Џејмс Кларк Рос — британски поморски истражувач.
1882  Џеси Џејмс — американски разбојник (р. 1847).
1897  Јоханес Брамс — германски композитор, пијанист и диригент.
1990  Сара Вон — американска џез пејачка (р. 1924).
1950  Курт Веил — германско-американски композитор.
1897  Греам Грин — англиски писател (р. 1904).
1915  Надежда Петровиќ — српска сликарка.
2015  Боб Барнс — американски рок-музичар, член на групата Линард скинард (Lynard Skynard).
2016  Чезаре Малдини — италијански фудбалер и тренер.
2024  Вељко Булајиќ — југословенски режисер.