Предлошка:Мај 2024 22 мај — 142-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (143-и во престапна година). Остануваат 223 денови до крајот на годината.

Настани:

1819  Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот.
1918  Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1947  Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците.
1967  Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел.
1972  Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР.
1972  Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
2004  Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години.
2012  Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот.

Родени:

1813  Рихард Вагнер — германски композитор, реформатор на операта.
1907  Лоренс Оливие — англиски театарски и филмски глумец, режисер и продуцент.
1913  Рафаел Хил — шпански режисер.
1937  Виктор Понеделник — руски и советски фудбалер.
1946  Владимир Ангеловски — македонски глумец.
1946  Петар Божовиќ — српски глумец.
1946  Џорџ Бест — северноирски фудбалер.
1953  Пол Маринер — англиски фудбалер.
1959  Мориси — англиски пејач, член на групата „Смитс“ (The Smiths).
1965  Фанис Христодулу — грчки кошаркар.
1977  Жан Кристоф Перо — француски велосипедист.
1987  Артуро Видал — чилеански фудбалер.
1987  Новак Ѓоковиќ — српски тенисер.
1991  Кентан Мае — француски ракометар.
1992  Николај Пенчев — бугарски одбојкар.

Починале:

1564  Жан Калвин — верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква.
1885  Виктор Иго — француски писател, основач на францускиот романтизам во XIX век.
1939  Јиржи Махен — чешки писател.
1942  Раде Кончар — хрватски комунист и партизан, Народен херој на Југославија.
1972  Бернабе Ферејра — аргентински фудбалер.
2010  Гане Тодоровски — македонски поет и книжевен критичар.

Празници:

Национален празник на Шри Ланка.