Wh (диграма)
(Пренасочено од Wh (диграф))
Диграмата wh се користи за изразување на фонема:
- Во англискиот јазик, [ʍ] (безвучна усненозаднонепчена струјна согласка) продолжението на праиндоевропскиот усненозаеднонепчен глас (порано се пишувал како hw). Најзабележителен пример се прашалните зборови, кои обично започнуваат со оваа фонема, па така на англиски се наречени wh-words. Меѓутоа оваа диграма денес обично се изговара со [h] кога стои пред буквата „o“, како во „who“ или „whole“. Фонемата [ʍ] има прераснато во [w] во највеќето варијанти на англискиот јазик.
- Во маорскиот јазик, диграмата ја означува безвучната двоуснена струјна согласка (ɸ) или /f/ , со извесни регионални варијации блиски на /h/ или /[ʍ]/. Во регионот Таранаки, Нов Зеланд, некои говорници го изговараат како глотализирано /w/. Изговорот со /f/ е најчест, веројатно поради влијанието на англискиот јазик. При транскрибирање на маорските зборови на македонски, оваа диграма секогаш се предава со „ф“.
- Во африканскиот јазик коса, ова означува /w̤/, шумолива варијанта на /w/. Се среќава во заемки.