Диграмата wh се користи за изразување на фонема:

  • Во маорскиот јазик, диграмата ја означува безвучната двоуснена струјна согласка (ɸ) или /f/ , со извесни регионални варијации блиски на /h/ или /[ʍ]/. Во регионот Таранаки, Нов Зеланд, некои говорници го изговараат како глотализирано /w/. Изговорот со /f/ е најчест, веројатно поради влијанието на англискиот јазик. При транскрибирање на маорските зборови на македонски, оваа диграма секогаш се предава со „ф“.
  • Во африканскиот јазик коса, ова означува //, шумолива варијанта на /w/. Се среќава во заемки.

Поврзано

уреди