Вибрион
Вибрион | |
---|---|
Vibrio cholerae | |
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Proteobacteria |
Класа: | Gamma Proteobacteria |
Ред: | Vibrionales |
Семејство: | Vibrionaceae |
Род: | Vibrio |
Бактериите од родот Vibrio припаѓаат на фамилијата Vibrionaceae. Тоа се мали бацили, најчесто со „форма на запирка“[1][2][3]и се екстремно подвижни. Најпознатиот вид од овој род е Vibrio cholerae – организмот виновен за колерата. Постојат дваесетина видови од родот Vibrio.
Екологија
уредиЖивеалиште
уредиВибрионите се бактерии кои живеат во вода. Многу од нив се сапрофити кои живеат во слатка вода, но има и такви кои живеат во солена (мориња, делти на реки, дигестивниот систем на морски животни). Овие бактерии се халофили со што се објаснува нивната отпорност кон високи концентрации на морска сол (NaCl).
Патогени својства
уредиНекои видови се патогени за човекот, додека некои за морските животни (рибите).
Видот Vibrio cholerae е одговорен за колерата, која е тешко заболување кај човекот, познато во историјата по големите светски епидемии. Оваа болест и денес претставува проблем во некои области, посебно во Африка и Индискиот Полуостров. Vibrio cholerae најчесто се пренесува преку заразена вода.
Vibrio parahaemolyticus предизвикува дегестивни инфекции и се внесува во организмот преку конзумирање на школки (остриги), ракови и свежа или недоволно обработена морска риба. Оваа бактерија е одговорна за бројни инфекции во Јапонија каде има голема консумација на свежа риба. Вибрионите имаат и токсични својства – лачат отров кој го пореметува функционирањето на организмот во кој се наоѓаат.
- Vibrio alginolyticus
- Vibrio anguillarum
- Vibrio carchariae
- Vibrio cholerae
- Vibrio costicolus
- Vibrio damsela
- Vibrio fisheri
- Vibrio fluvialis
- Vibrio furnisii
- Vibrio marinus
- Vibrio metschnikovii
- Vibrio natriegens
- Vibrio ordalli
- Vibrio parahaemolyticus
- Vibrio salmonicida
- Vibrio vulnificus
...
Особености
уредиМикроскопски аспект
уредиВибрионите се грам негативни бацили, најчесто со специфична форма. Тие се долги 2 до 3 микрометри. Овие бактерии се многу подвижни, одлика која се должи на флагелумот. Нивните движења се брзи и со праволиниска траекторија.
Макроскопски аспект
уредиВибрионите формираат колонии со кружен облик и пречник од 2-3 милиметри. Овие колонии се транспарентни во првите 24 часа.
Култивирање
уредиВибрионите се аеробни бактерии што значи дека малку или воопшто не се развиваат во анаеробни услови. Тие се култивираат на обични хранливи подлоги, на температура помеѓу 10 °C и 40 °C, со оптимална pH малку над 7. Нивното размножување е доста брзо, спаѓаат во групата на бактерии кои немаат посебни метаболитички потреби. Вибрионите се култивираат во присуство на висока концентрација на NaCl поради нивната одлика на халофили. Постојат некои видови на вибрион кои не се способни да растат во услови каде нема NaCl. Овие бактерии се нарекуваат апсолутни халофили.
Наводи
уреди- ↑ Thompson FL, Gevers D, Thompson CC, и др. (2005). „Phylogeny and Molecular Identification of Vibrios on the Basis of Multilocus Sequence Analysis“. Applied and Environmental Microbiology. 71 (9): 5107–5115. Bibcode:2005ApEnM..71.5107T. doi:10.1128/AEM.71.9.5107-5115.2005. PMC 1214639. PMID 16151093.
- ↑ Ryan KJ; Ray CG, уред. (2004). Sherris Medical Microbiology (4th. изд.). McGraw Hill. ISBN 978-0-8385-8529-0.
- ↑ Paul, Sulav Indra; Rahman, Md. Mahbubur; Salam, Mohammad Abdus; и др. (2021-12-15). „Identification of marine sponge-associated bacteria of the Saint Martin's island of the Bay of Bengal emphasizing on the prevention of motile Aeromonas septicemia in Labeo rohita“. Aquaculture (англиски). 545: 737156. doi:10.1016/j.aquaculture.2021.737156. ISSN 0044-8486.