Veni, vidi, vici (изговорено на класичен латински: Уени, уиди, уики; мак. Дојдов, видов, победив) е најпознатата изрека на римскиот државник и војсководец Гај Јулиј Кајсар.[1]

Логото на “Филип Морис“, од пакување цигари Марлборо.

Оваа изрека тој ја употребил во својот извештај во римскиот Сенат за својата неочекувано брза победа над понтскиот крал Фарнак II, vo 47 г. п.н.е. Изреката се наоѓа и во Кајсаровото дело „Commentarii de bello Gallico“ („Белешки за Галската војна“).

Оваа изрека денес се употребува кога се сака да се каже дека нешто било направено неочекувано лесно и брзо или кога неочекувано и брзо бил решен некој проблем.

Исто така, изреката Veni, vidi, vici се користи и во логото на компанијата за цигари "Филип Морис", која ги произведува познатите Марлборо цигари.

Наводи

уреди
  1. Plutarch, The Life of Julius Caesar (анг.)