DSL технологии
Стандард
ADSL ANSI T1.413 Issue 2
ITU G.992.1 (G.DMT)
ITU G.992.2 (G.Lite)
ADSL2 ITU G.992.3/4
ITU G.992.3 Annex J
ITU G.992.3 Annex L
ADSL2+ ITU G.992.5
ITU G.992.5 Annex M
HDSL ITU G.991.1
HDSL2  
IDSL  
MSDSL  
PDSL  
RADSL  
SDSL  
SHDSL ITU G.991.2
UDSL  
VDSL ITU G.993.1
VDSL2 ITU G.993.2

VDSL2 (од англ. Very-high-speed digital subscriber line 2 = „Дигитална претплатничка линија со многу голема брзина 2“, ДПЛМГБ2) е пристапна технологија што ја искористува постоечката инфраструктура од бакарни жици, првично предвидени за обична телефонија (POTS). Може да се применува од дирекции, шкафови со оптички довод сместени близу просториите на потрошувачите, или пак во рамките на поединечни згради.

Честотен спектар што се користи за ВДСЛ2 (во сино).

VDSL2 е најновиот и најнапредниот стандард за комуникација преку жичени широкопојасни дигитални претплатнички линии (DSL). Предвиден е да пружа повеќенаменска тројна услуга (triple play): глас, видео, податоци, високоразделна телевизија (HDTV) и игри. Се изјавува дека VDSL2 им овозможува на операторите и снабдувачите да ја надградат постоечката дигитална претплатничка инфраструктура постепено, прилагодливо и поволно.

Протоколот е стандардизиран како ITU G.993.2 на 17 февруари 2006.

ITU-T G.993.2 (VDSL2) претставува подобрување на G.993.1 (VDSL) што овозможува пренос на асиметрични и симетрични збирни податочни стапки до 200 Мбит/с дојдовно и појдовно преку усучени парици при појасна широчина од 30 Мхц.

VDSL2 набргу ослабува од теоретскиот максимум од 250 Мбит/с кај изворот, до 100 Мбит/с на оддалеченост од 0,5 км и 50 Мбит/с на растојание од 1 км, но понатаму ослабнува со многу помала стапка, и сепак ја надминува делотворноста на VDSL. Почнувајќи од оддалеченост на 1,6 км, делотворноста му е рамна на онаа на ADSL2+.

Меѓу главните предности на VDSL2 се вбројува далекусежноста и делотворноста на асиметричните дигитални претплатнички линии (ADSL). Системите приспособени за LR-VDSL2 поддржуваат брзина од околу 1–4 Мбит/с (дојдовно) долж растојание од 4–5 км, постепено накачувајќи ја проточноста на симетрични 100 Мбит/с како што се скусува должината на јазолот. Ова значи дека системите засновани на VDSL2 (за разлика од оние на VDSL1), не се ограничени само на кратки локални јазли или MTU/MDU, туку можат да се употребуваат и средносежно.

Профили

уреди

VDSL2 е мошне сложен протокол. Стандардот определува широк дијапазон на профили за разни наменски архитектури на VDSL: на пр. во дирекцијата, во шкафот или во зградата.

Профил Појасна широчина (МХц) Бр. на носачи Носечки опсег (кХц) Моќност (дБм) Макс. дојдовна пропусност (Мбит/с)
8a 8.832 2048 4,3125 +17,5 50
8b 8,832 2048 4.3125 +20,5 50
8c 8,5 1972 4.3125 +11,5 50
8d 8,832 2048 4.3125 +14,5 50
12a 12 2783 4.3125 +14,5 68
12b 12 2783 4,3125 +14,5 68
17a 17,664 4096 4.3125 +14,5 100
30a 30 3479 8,625 +14,5 200

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • DSL на Curlie (англиски)