Арп 273

група заемоделувачки галаксии
(Пренасочено од UGC 1810)

Арп 273 — пар заемоделувачки галаксии на далечина од 300 милиони светлосни години, во соѕвездието Андромеда. За првпат се заведени во Атласот на необични галаксии составен од американскиот астроном Халтон Арп во 1966 г.[2] Поголемата галаксија UGC 1810 е петпати помасивна од помалата.[3] Дискот ѝ е плимно изобличен налик на роза од гравитациската влеча на нејзината придружна галаксија — UGC 1813. Помалата галаксија покажува јасни знаци на ѕвездородност во јадрото,[4] и се смета дека помалата всушност има поминато низ поголемата[5]

Арп 273

Слика на Арп 273 направена со „Хабл
Соѕвездие Андромеда
Епоха J2000
Положба
Ректасцензија 02ч 21м &1000000000002870300000028,703с[1]
Деклинација +39° 22′ &1000000000000326500000032,65″[1]
Податоци од набљудување
Физички податоци
Оддалеченост 300 мил.
Историја
Откривач Халтон Арп
Откриена 1966
Други ознаки UGC 1810, PGC 8961, VV 323, Z 523-28, Арп 273, 2MASX J02212870+3922326, VV 323a, CGPG 0218.4+3909, MCG+06-06-023, ZW V 223,KPG 64a, UZC J022128.6+392231, Z 0218.4+3909[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „SIMBAD Astronomical Database“. Results for Arp 273. Посетено на 2011-04-20.
  2. „Interacting galaxies Arp 273“. National Optical Astronomy Observatory. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на 2011-04-21.
  3. Usher, Oli; Villard, Ray (2011-04-20). „A galactic rose highlights Hubble's 21st anniversary“. Архивирано од изворникот на 16 May 2011. Посетено на 2011-04-21.
  4. „NASA's Hubble Celebrates 21st Anniversary with "Rose" of Galaxies“. HubbleSite. 2011-04-20. Посетено на 2011-04-21.
  5. „A galactic rose highlights Hubble's 21st anniversary“. physorg.com. 2011-04-21. Посетено на 2011-04-21.

Надворешни врски

уреди