Travian
Travian (Травијан) — прелистувачка игра за чие издавање се погрижи германската компанија „Travian Games GmbH“, а за меѓународниот пазар се погрижи Gameforge AG. Виртуелниот свет се состои од сто до неколку илјади играчи, а дејствието се одвива во времето на Римското Царство.
Општо
уредиРегистрацијата за оваа игра е бесплатна. Истата се игра преку прелистувачот и нема потреба од симнување на никвакви додатоци. Играњето преку мобилен е достапно, но не е бесплатно. Исто така, има можност „Plus“ која чини 2,99 долари месечно, овозможувајќи некои предности. Програмскиот јазик со кој е направена оваа игра е PHP.
Народи
уредиВо текот на регистрацијата можете да изберете помеѓу три народи : тевтонци, римјани, гали. Секој народ има свои предности и недостатоци, како и различни типови на војска.
- Римското Царство е добра во технолошкиот развиток и во градежништвото. Нивннте единици се дел од елитата во травиан. Добро се избалансирани и можат да се користат и за напад и за одбрана. Нивната пешадија е добра против останатите пешадии, ама одбраната од непријателската коњица им е послаба од останатите народи.
- Галите се најмирољубив народ во травиан. Нивната војска е одлично спремна за одбарана, додека нападот парира со останатите народи. Нивните засолништа чуваат двојно повеќе ресурси (2000) во однос на останатите народи (само 1000). Поради вродениот талент за јавање, нивните коњици се значително брзи. Исто така и поставувачот на замките е во предност према останатите народи.
- Тевтонците се најагресивниот народ. Нивните единици се беспрекорни кога е во прашање нападот. Предност е и што противничкиот играч чува само 2/3 од ресурсите во засолниште. Сепак мора да се нагласи слабата одбрана.
Села
уредиИграчите почнуваат со едно село, со можност потоа да освојат или правење на ново. Во центарот на селото се наоѓаат војните и цивилните објекти, а околу истиот се наоѓаат ресурсните извори. За многу објекти постојат определени предуслови, како што се градење и/или подигање на некој објект на определено ниво. Секој играч започнува со село кое има 4 дрвосечи, рудници на глина, рудници на железо и 6 ниви.
Сојузи
уредиСојузи се здруженија на играчи поради меѓусебно тргување, помагање, одбрана и напад. За пристапување во одреден сојуз потребно е да бидите поканети и истата да ја прифатите во абасада, а доколку сакате да направите ваш сојуз, тогаш е потребно да имате амбасада на степен три. За поголем број на играчи во сојузот, треба амасадата што повеќе да се надоградува, а максимум е на степен 20 и тогаш во сојузот може да има 60 члена.
- За секој степен уште по три члена
Победа
уредиПо околу 300 дена од почетокот на опслужувачот се појавува народот Натари. Натарите се најсилниот народ во играта и нив ги контролира компјутерот. Некои натарски села имаат градежни планови кои помагаат во правење на светското чудо. Играчот кој со херојот кога ќе го земе градежниот план, почнува со градење на светското чудо. Еден градежен план е доволен само за светско чудо на степен 50. За да продолжи градењето мора друг член на истиот сојуз да поседува уште еден градежен план. Играчот кој прв ќе го изгради светското чудо на степен 100, победува, а неговиот сојуз е освојувач на опслужувачот.
Војска
уредиОсновните единиц не се истражуваат, за разлика од останатите. Освен војска на играчи, постои и војска на природа. Тоа се разни животни.