The Sims 3
видеоигра од 2009 година
The Sims 3 е симулациска игра на животот; дел од серијалот The Sims. Издадена е на 2 јуни 2009 од Electronic Arts и е изработена од Maxis.
За играта
уредиThe Sims 3, како и претходните итерации се концентрира на контролирање на животот на ваши или веќе создадени луѓе. Тие минуваат низ 7 развојни стази и потоа умираат; можат да се дружат, вработат, да имаат своја куќа и слично. За разлика од The Sims 2, цртите помеѓу екстреми на карактерот на една личност се заменети со 5 особини; персонализацијата е проширена и нема прозорци за вчитување за одење низ градот.
Понови верзии на играта вклучуваат мемории, колекција на ресурси, пливање во океанот и друго.
Додатоци
уредиДодатоците вклучуваат нови особини, интеракции и предмети.
Име | Датум на издавање | Особини |
---|---|---|
World Adventures | 13 ноември 2009 | Авантури во трите нови одредишта; откривање мистерии |
Ambitions | 1 јуни 2010 | Нови професии: архитект, пожарникар, истражувач, стилист |
Late Night | 26 октомври 2010 | Одење во клубови и барови; формирање група; слава |
Generations | 31 мај 2011 | Рекреација за сите возрасти; забави, нови работи за игралишта |
Pets | 18 октомври 2011 | Мачки, кучиња и коњи кои можат да се контролираат; натпревари |
Showtime | 6 март 2012 | Нови професии: акробат, магионичар, пејач; јавни настапи |
Supernatural | 4 септември 2012 | Врколаки, вештери, самовили, вампири, зомби; еликсири, магии |
Seasons | 15 ноември 2012 | Годишни времиња и појави; температура; сезонски фестивали |
University Life | 5 март 2013 | Одење во универзитет; учење, придружување на социјални групи |
Island Paradise | 25 јуни 2013 | Престојување во одморалишта; пловење по океанот со пловила |
Into the Future | 22 октомври 2013 | Одење во иднината; користење напредна технологија и превоз |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |