The Libertines

англиска рок-група

The Libertines ― англискa рок-група основана во Лондон во 1997 година. Групата ја основале Карл Барат (пејач/гитара) и Пит Доерти (пејач/гитара), а подоцна се приклучиле Џон Хасал (бас) и Гери Пауел (тапани).

The Libertines
The Libertines на настап во 2024
Од лево: Пит Доерти, Карл Барат, Гери Пауел (на тапани), Џон Хасал
Животописни податоци
ПотеклоЛондон, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1997 (1997)–2004 (2004)
  • 2010
  • 2014 (2014)–денес
Издавачи
Мреж. местоthelibertines.com
Членови
  • Карл Барат
  • Пит Доерти
  • Џон Хасал
  • Гери Пауел
Поранешни членови
  • Џони Борел
  • Пол Дафур

И покрај нивниот критички и комерцијален успех на почетокот од 2000-те, музиката на групата често бил засенета од внатрешните конфликти меѓу членовите, најчесто предизвикани од зависноста на Доерти од крек и хероин, што довело до распаѓање на групата во 2004 година.

Групата повторно се обединила во август 2010 година за неколку концерти и за учество на фестивалите во Ридинг и Лидс. Во април 2014 година, Libertines се обединиле за концерт во лондонскиот Хајд Парк.[1][2] Во ноември 2014 година, групата потпишала договор за снимање со Virgin EMI Records и ги издале албумите: Anthems for Doomed Youth (2015)[3] и All Quiet on the Eastern Esplanade (2024).

Историја

уреди

Прв активен период (1997-2004)

уреди

Основачите на Libertines, Питер Доерти и Карл Барат, се запознале додека студирале на факултет. Заедно со нивниот сосед, Стив Бедлоу, во 1997 година основале група под името „the Strand“, а подоцна ја преименувале во „Libertines“ по незавршениот роман на францускиот писател Маркиз де Сад „Школа на слободата“ (француски: Les 120 Journées de Sodome ou l'école du libertinage). Во 1999 година на групата ѝ се приклучиле Џон Хасал и Џони Борел, кои кратко време со групата свиреле бас-гитара. Во 2000 година Пол Дафур бил ангажиран како тапанар на групата, но во 2001 бил заменет од Гери Пауел.

По комплетирањето на поставата, на 3 јуни 2002 година го издале нивниот прв сингл, двојната А-страна „What a Waster“ и „I Get Along“. Синглот добил позитивни критики, но бил малку емитуван поради вулгарните зборови во стиховите. Синглот стигнал до 37 место на Топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.

Нивниот прв студиски албум бил снимен и продуциран од Мик Џонс, поранешен член на Clash и Big Audio Dynamite.[4] Албумот под наслов Up the Bracket бил издаден во октомври 2002 година. На NME наградите за таа година, групата ја добила наградата за најдобра нова група.

За време на снимањето на Up the Bracket и за време на турнејата која следела, Доерти почнал да употребува поголема количина дрога (во тоа време користел крек кокаин и хероин) и неговиот однос со другите членови од групата се влошил. Лошиот однос меѓу членовите на групата бил видлив при нивните настапи.

Заминале во САД да се промовираат и за да работат на нов материјал. Додека биле во Њујорк (мај 2003 година), тие ги снимиле Babyshambles Sessions, кој содржел верзии на дотогашните и идните изданија од Libertines и Babyshambles. Откако се вратиле во Обединетото Кралство, тензиите меѓу Доерти и Барат станувале сѐ поизразени. Нивниот нов сингл „Don't Look Back into the Sun“ бил издаден на 18 август 2004 година среде екот на превирањата во групата.

На 7 септември, Доерти бил осуден на 6 месеци затвор. Казната ја отслужувал во затворот Вандсворт, но по жалба од страна на судијата Дерек Инман казната била намалена на два месеци. Барат го чекал Доерти пред затворските порти кога бил ослободен во октомври 2003 година истиот ден во пабот Tap'n'Tin, во Чатам, Кент[5] направиле концерт кој NME подоцна го прогласил за концерт на годината.

На почетокот од 2004 година, Libertines ја освоиле наградата за најдобра група на NME наградите, и покрај фактот што „Don't Look Back into The Sun“ било нивното единствено официјално издание во текот на претходната година.

Мик Џонс се вратил како продуцент за снимањето на вториот албум од групата. Доерти се вратил на неговата навика за дрога и затоа односите меѓу членовите на групата биле затегнати. Албумот бил завршен и Доерти им го препуштил миксот и синхронизацијата на другите; тој не се вратил во студио со Libertines во следните десет години.

Libertines не му дозволиле на Доерти да си поигрува со нив, но му ветиле дека „кога ќе расчисти зависноста, веднаш ќе биде добредојден во групата“.[6] Libertines го одржале нивниот последен концерт во Париз на 17 декември 2004 година, сè уште без Доерти.[7] Барат потоа одлучил да ги распушти Libertines бидејќи не сакал да прави турнеи и да снима под името на групата без Доерти.[8]

Повторно обединување (2010)

уреди

Доерти и Барат по распаѓањето на Libertines неколку месеци не биле во контакт. Ретроспективна колекција од групата под наслов Time for Heroes - The Best of The Libertines била објавена во 2007 година.

На 29 март 2010 година било објавено дека Libertines повторно ќе се состават за настап за фестивалите во Рединг и Лидс во 2010 година. Тие биле специјални гости на Arcade Fire на концертите во Лидс и во Рединг. Настапот на фестивалот добил многу позитивни критики од обожавателите и од печатот. По настапот на фестивалот во Рединг и Лидс, не биле познати следните планови на Libertines бидејќи Карл Барат и Пит Доерти тргнувале на соло-турнеи.

Ново составување и нови изданија (2014–денес)

уреди
 
Libertines на фестивалот Vieilles Charrues во 2016 година

На 20 април 2014 година, на Фејсбук страницата од групата била објавена слика од лондонскиот Хајд Парк. Речиси истовремено Карл Барат и Питер Доерти навеле дека ја прифатиле понудата да настапат на тоа место на 5 јули 2014 година.[9][10] На концертот на 5 јули во Хајд Парк, тие најавиле три нови концерти, кои се одржале во Александра Палас, на 26, 27 и 28 септември 2014 година.

На 2 јули 2015 година, Libertines го најавиле нивниот трет албум, Anthems for Doomed Youth, кој бил издаден на 11 септември 2015 година.[11] Во јануари 2015 година биле на турнеја за поддршка на албумот.

The Libertines го отвориле фестивалот Гластонбери во 2022 година и со луксузно издание со снимки во живо ја прославиле 20-годишнината од објавувањето на албумот Up The Bracket. На 13 октомври 2023 година, групата го објавила нејзиниот прв сингл по осум години и го најавиле издавањето на нивниот нов албум, All Quiet on the Eastern Esplanade.[12] Албумот бил издаден на 5 април 2024 година и се искачил на прво место на британската топ-листа за албуми.

Членови

уреди
Сегашни членови
  • Карл Барат – гитара, пејач (1997–2004, 2010, 2014–сега)
  • Пит Доерти – гитара, пејач (1997–2003, 2003–2004, 2010, 2014–сега)
  • Џон Хасал – бас (1999–2000, 2001–2004, 2010, 2014–сега)
  • Гери Пауел – тапани (2001–2004, 2010, 2014–сега)
Поранешни членови
  • Џони Борел – бас (1998–1999)
  • Пол Дуфур – тапани (2000; почина во 2022 година) [13]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Up the Bracket (2002)
  • The Libertines (2004)
  • Anthems for Doomed Youth (2015)
  • All Quiet on the Eastern Esplanade (2024)

Наводи

уреди

.mw-parser-output .reflist{font-size:90%;margin-bottom:0.5em;list-style-type:decimal}.mw-parser-output .reflist .references{font-size:100%;margin-bottom:0;list-style-type:inherit}.mw-parser-output .reflist-columns-2{column-width:30em}.mw-parser-output .reflist-columns-3{column-width:25em}.mw-parser-output .reflist-columns{margin-top:0.3em}.mw-parser-output .reflist-columns ol{margin-top:0}.mw-parser-output .reflist-columns li{page-break-inside:avoid;break-inside:avoid-column}.mw-parser-output .reflist-upper-alpha{list-style-type:upper-alpha}.mw-parser-output .reflist-upper-roman{list-style-type:upper-roman}.mw-parser-output .reflist-б{list-style-type:б}.mw-parser-output .reflist-lower-greek{list-style-type:lower-greek}.mw-parser-output .reflist-lower-roman{list-style-type:lower-roman}

Надворешни врски

уреди
  1. „The Libertines reunite for Hyde Park gig“. Music Blogged. 25 April 2014. Посетено на 25 April 2014.
  2. „Barclaycard British Summer Time Hyde Park“. BST Hyde Park. Посетено на 24 August 2015.
  3. Coughlan, Jamie (2 July 2015). „The Libertines Announce 'Anthems For Doomed Youth'. Overblown Webzine. Посетено на 2 July 2015.
  4. „The Libertines“. PopMatters. 20 March 2003. Посетено на 19 March 2007.
  5. „Libertines reunite at freedom gig“. BBC News. 9 October 2003. Посетено на 6 January 2006.
  6. „Libertines star pleads not guilty“. BBC News. 30 June 2004. Посетено на 6 January 2006.
  7. „The Libertines play last ever show“. NME. 18 December 2004. Архивирано од изворникот на 29 December 2004. Посетено на 6 January 2006.
  8. [1] Архивирано на 20 декември 2010 г.
  9. „NME News The Libertines to reunite for London Hyde Park show?“. NME. 20 April 2014. Посетено на 24 August 2015.
  10. „Carl Barât confirms Libertines Hyde Park reunion? – GigslutzGigslutz“. Gigslutz.co.uk. Архивирано од изворникот на 2019-01-21. Посетено на 24 August 2015.
  11. NME.COM. „The Libertines album delayed a week due to 'overwhelming demand' for record launch events | NME.COM“. NME. Посетено на 31 August 2015.
  12. „The Libertines return with 'Run Run Run' and announce new album 'All Quiet on the Eastern Esplanade'. NME. 13 October 2023.
  13. Dufour, Barry (16 October 2022). „Paul Dufour obituary“. The Guardian. Посетено на 17 October 2022.