The Doobie Brothers

американска рок група

The Doobie Brothers ― американска рок група основана во 1970 година во Сан Хосе, Калифорнија. Својот најголем успех групата го имала во текот на 1970-тите, а сегашната постава на групата ја сочинуваат основачките членови Том Џонстон (гитари, вокал) и Патрик Симонс (гитари, вокал), заедно со Мајкл Мекдоналд (клавијатури, вокал) и Џон Мекфи (гитара, виолина, придружни вокали). Други долгогодишни членови на групата биле гитаристот Џеф „Сканк“ Бакстер (1974–1979), басистот Тиран Портер (1972–1980, 1987–1992) и тапанарите Џон Хартман (1970–1979, 1987–1992), Мајкл Хосак 1971–1973, 1987–2012) и Кит Кнудсен (1973–1982, 1993–2005). Тие изведувале песни под влијание на госпел, како „Take Me in Your Arms (Rock Me a Little while)“ и „Jesus is Just Alright“.[4]

The Doobie Brothers
The Doobie Brothers на настап во 2017.
Од лево кон десно: Џон Кован, Патрик Сајмонс, Том Џонстон и Џон Мекфи.
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Doobies
ПотеклоСан Хосе, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1970 (1970)–1982
  • 1987 (1987)–денес
Издавачи
Мреж. местоdoobiebros.com

Џонстон бил главен вокал на групата од 1970 до 1975 година, кога тие се одликувале со мејнстрим рок звук со елементи на фолк, кантри и R&B. Мајкл Мекдоналд ѝ се придружил на групата во 1975 година како клавијатурист и како втор главен пејач, за да му помогне на Џонстон, кој во тоа време имал здравствени проблеми. Интересот на Мекдоналдс за соул музика вовел нов звук на групата. Џонстон и Мекдоналд заедно биле главни пејачи за еден албум, Takin' It to the Streets, а Џонстон целосно се повлекол во 1977 година. До крајот на 1970-тите составот на групата често се менувал; групата се распаднала во 1982 година, а Симонс бил единствениот постојан член кој се појавил на сите нивни албуми. Во 1987 година, Тhe Doobie Brothers повторно се формирале и им се приклучил и Џонстон; Мекдоналд, кој претходно неколку пати гостувал, се вратил во групата како постојан член во 2019 година за време на турнејата по повод 50-годишното постоење.

Тhe Doobie Brothers објавиле четиринаесет студиски албуми, а шест од нив се пласирале во топ-10 на листата за албуми на Билборд 200. Нивен најуспешен албум е Minute by Minute објавен во 1978 година. Албумот пет недели бил на прво место на Билборд 200, а за него групата добила награда Греми за најдобра поп изведба од дуо или група. Песната од тој албум „What a Fool Believes“ освоила три Греми награди. Групата, исто така, објавила шест албуми во живо и многу компилации со најголеми хитови, меѓу кои и Best of The Doobies од 1976 година, кој со продадени 10 милиони копии е најпродаван албум на групата и RIAA го сертифицила како дијамантска плоча. Меѓу шеснаесетте топ-40 песни на Billboard Hot 100 на групата се: „Listen to the Music“, „Jesus is Just Alright“, „Long Train Runnin“, „China Grove“, „Black Water“ (број 1 во 1974 година), „ Takin It to the Streets“, „What A Fool Believes“ (број 1 во 1979 година) и „The Doctor“.

Тhe Doobie Brothers биле примени во Куќата на славата на вокалните групи во 2004 година,[5] и во Куќата на славата на рокенролот на 7 ноември 2020 година.[6] Групата има продадено преку 40 милиони плочи ширум светот.[7][8]

Членови

уреди

Сегашни официјални членови

  • Патрик Симонс – гитара, бенџо, вокал (1970–1982, 1987–1991, 1992, 1993–денес)
  • Том Џонстон – вокал, гитара, хармоника (1970–1977, 1987–1991, 1992, 1993–денес)
  • Мајкл Мекдоналд – вокал, клавијатури, мандолина, хармоника (1975–1982, 1987, 1992, 1995–1996, 2019–денес)
  • Џон Мекфи – гитара, виолина, челична гитара на педали, хармоника, вокал (1979–1982, 1987, 1993–денес)

Дискографија

уреди
  • The Doobie Brothers (1971)
  • Toulouse Street (1972)
  • The Captain and Me (1973)
  • What Were Once Vices Are Now Habits (1974)
  • Stampede (1975)
  • Takin' It to the Streets (1976)
  • Livin' on the Fault Line (1977)
  • Minute by Minute (1978)
  • One Step Closer (1980)
  • Cycles (1989)
  • Brotherhood (1991)
  • Sibling Rivalry (2000)
  • World Gone Crazy (2010)
  • Southbound (2014)[9]
  • Liberté (2021)[10]

Наводи

уреди
  1. Hall, Mitchell K. (May 9, 2014). The Emergence of Rock and Roll: Music and the Rise of American Youth Culture. Routledge. стр. 169. ISBN 978-1-135-05358-1.
  2. Erlewine, Stephen Thomas. The Doobie BrothersAllMusic (англиски)
  3. Brackett, Nathan; Christian David Hoard (2004). The New Rolling Stone Album Guide. Simon and Schuster. стр. 254. ISBN 978-0-7432-0169-8.
  4. „Art Reynolds Biography“. CD Baby. Архивирано од изворникот на 2008-02-24. Посетено на 22 July 2022.
  5. „The Vocal Group Hall of Fame Foundation“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на April 26, 2011.
  6. Johnson, Kevin (March 24, 2020). „Rock and Roll Hall of Fame induction for the Doobie Brothers, Whitney Houston, Nine Inch Nails moves from May to November“. St. Louis Post-Dispatch (англиски). Посетено на April 27, 2020.
  7. „The Doobie Brothers To Make Grand Ole Opry Debut Saturday, February 26“. Opry.com. February 18, 2011. Архивирано од изворникот на October 13, 2011. Посетено на November 5, 2011.
  8. „RIAA“. RIAA. Архивирано од изворникот на July 1, 2007. Посетено на July 20, 2011.
  9. „Gregg Allman 2015 North American Tour Schedule With The Doobie Brothers & Pat Simmons Jr“. Concert Tour News Hub. May 16, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на May 17, 2015.
  10. Shaffer, Claire (August 6, 2021). „Doobie Brothers Announce New Album 'Liberté,' Rescheduled Tour Dates“. Rolling Stone.

Надворешни врски

уреди