The Calling

американска рок-група

The Calling ― американска рок-група од Лос Анџелес основана во 1996 година. Групата ја основале фронтменот и гитарист Алекс Бенд и гитаристот Арон Камин. Нивна најпозната песна е „Whereever You Will Go“ која 23 недели била на врвот на Adult Top 40; оваа песна е на второ место во историјата на топ-листата по бројот на недели поминати на прво место. Песната подоцна била прогласена за „Песна на деценијата“ за 2000-тите на радиските поп-листи од списанието Билборд. Песната се наоѓала на првиот албум од групата, Camino Palmero (2001). Албумот добро се продавал и покрај неповолниот прием од музичките критичари.[3]

The Calling
Алекс Бенд на настап во живо во 2020
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • Generation Gap (1996)
  • Next Door (1996–1999)
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1996–2005
  • 2013
  • 2016–денес
Издавачи
Мреж. местоthecallingmusic.com

Нивниот втор албум, Two (2004) бил поддржан од водечкиот сингл „Our Lives“, кој бил изведен на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри во 2004 година, а била изведена и како прва песна на 78-то доделување на Оскарите. Групата се распаднала во 2005 година, но била возобновена во 2016 година. За време на историјата на групата имало неколку промени во составот, а Бенд е единствен преостанат оригинален член.

Членови

уреди

Сегашни членови

уреди
  • Алекс Бенд – главен пејач (1996–2005, 2013, 2016–денес); ритам-гитара, бас (2016-денес)
  • Даниел Дамико – главна гитара, клавијатури, придружен вокал (2004–2005, 2016, 2023–денес)
  • Дом Либерати – бас (2023–денес)

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Camino Palmero (2001)
  • Two (2004)
  • Во најава (2024)

Наводи

уреди
  1. „Alex Band“. billboard.com. Посетено на 26 March 2015.
  2. Greg Prato. „The Calling | Biography“. AllMusic. Посетено на 2014-07-14.
  3. „The Calling - Camino Palmero Album Reviews, Songs & More | AllMusic“. AllMusic.

Надворешни врски

уреди