Thaliacea
Талиацеи Thaliacea | |
---|---|
Колонија од салпи. | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | Плаштари |
Класа: | Thaliacea Nielsen, 1995 |
Редови | |
Thaliacea претставува класа на морски животни од поттипот на плаштарите. За разлика од нивните седентарни роднини асцидии, талиацеите се слободни во текот на целиот животен циклус. Постојат три реда на талиацеи: Pyrosomida, Doliolida и Salpida. Пирозомите се колонијални форми од ситни зооиди наредени околу една централна комора наречена клоака. Со испуштањето на водата од страна на зооидите, движењето на водата полека ја пропелира пирозомата низ морето. Долиолидите и салпите поминуваат низ солитарен и колонијален стадиум. Колониите од салпи можат да достигнат и неколку метри во должина. Долиолидите и салпите зависат од мускулната работа за да се пропелираат низ околната морска вода (за разлика од пирозомите). Сите талиацеи се исхрануваат по пат на филтрирање на водата. Тие имаат буревидно тело преку кои ја испумпуваат водата, со што екстрахираат кислород и хранливи материи.
Талиацеите и јаглеродниот циклус
уредиТалиацеите се состојат од околу 30% јаглерод. Според ова, нивните густи тела потонуваат на дното од океаните кога ќе изумрат, и ова може да е еден од клучните моменти во светскиот јаглероден циклус.[1]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди„Thaliacea“ на Ризницата ? |