Tenthredo maculata
растителна оса
Tenthredo maculata | |
---|---|
Tenthredo maculata | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Tenthredo |
Вид: | T. maculata |
Научен назив | |
Tenthredo maculata Geoffroy, 1785 |
Tenthredo maculata е палеарктички вид растителна оса.
Живеалиште
уредиГеографската распространетост на оваа оса е: Европа, Кавказ и Мала Азија. Во Македонија се среќава во Демир Капија и околината на Куманово.[1]
Биологија
уредиВозрасните единки достигнуваат должина од 12,5-14 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Градите се црни, тегулите црвеникави, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави.[1] Нозете се црни до колена, другите делови се жолти, абдоменот црн.[1]
Ларвите достигнуваат должина до 25 милиметри, а се развиваат во текот на септември. Возрасните форми се среќаваат од мај до јулит.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 215