Т-лимфоцит

(Пренасочено од T клетка)

Т-лимфоцитите (или т-клетки) припаѓаат на групата бели крвни клетки познати како лимфоцити и имааат важна улога во имунолошкиот систем. Одговорни се за клеточниот имунититет: преку сложен механизам ги отстрануваат туѓите клетки, како, на пример, бактериите.

T клетка
Скенирачка електронска микрографија на човечка Т клетка
Скенирачка електронска микрографија на Т лимфоцит (десно), крвна плочка (средина) и црвена крвна клетка (лево)
Податоци
СистемИмунолошки систем
Назнаки
Латинскиlymphocytus T
КодTH H2.00.04.1.02007
THH2.00.04.1.02007
FMAFMA:62870

Од останатите типови на лимфоцити како што се Б-лимфоцитите и клетките убијци, се разликуваат по посебниот рецептор на нивната клеточна површина. Буквата Т, во Т-лимфоцит, се однесува на тимусот, кој е основен орган одговорен за созревањето на Т-лимфоцитите. Откриени се повеќе подвидови Т-лимфоцити, секој со посебна улога.