ТРТ Турк

(Пренасочено од TRT Türk)

ТРТ Турк (турски: TRT Türk) е меѓународниот канал на Турската Радио Телевизија (ТРТ) наменет за турското население во другите држави. Работата на ТРТ Турк беше да го поттикне разбирањето за можностите на Турција и другите турски републики кои би можеле да го имаат во многу полиња, преку емитувањето на емисии наменети за Кавказот и Средна Азија. Целта исто така беше да се промовира имиџот на Турците на мулти-димензионален начин. ТРТ Турк беше планиран да стане најглавен турски светски канал. Под овие рамки, каналот беше планирано да создаде емисии продуцирани од другите туркиски републики преку заеднички соработки и продукции.

TRT Türk (ТРТ Турк)
Отпочната27 април 1992
СопственикТурска Радио Телевизија
Формат на слика16:9 (576i, SDTV)
ДржаваТурција
Јазиктурски
Област на емитувањеТуркиските држави
СедиштеАнкара
Претходно имеTRT Avrasya (ТРТ Евроазија)
Веб-странаhttp://www.trt.net.tr/

ТРТ Турк емитуваше образовни, културни, драмски, забавни, музички емисии и информативни програми со реклами. Понекогаш, рекламите на другите јазици беа дозволени во текот на емитувањето на емисиите.

ТРТ Турк беше најглавниот медиум кој емитуваше програма на модерен турски кој е зборуван во Турција. Емисиите може да бидат емитувани со превод на странски јазици или различни дијалекти на турскиот. Понатаму, многу видови на емисии беа наместени систематски и беа планирани да се емитуваат дуплирано преку мултијазична преведувачка техника во рамките на ДВБ стандардите.

На 21 март, 2009 ТРТ Аваз ја замена ТРТ Турк за Туркиските држави.

Историја уреди

Првото тест емитување на ТРТ Турк беше во 1992 година, додека нормалното емитување беше започнато од 1993, сè до затворањето и преименувањето во TRT Avaz на 8 мај 2009 година. ТРТ Турк емитуваше програма со резолуција 16:9 и воедно беше првата турска телевизија која емитуваше програма со ваква резолуција. Целта беше да се создаде канал кој би бил алтернатива за турската публика, сличен на Бибиси, Си-ен-ен, и Ал Џазеира на англиски јазик. Поради тоа, ТРТ Турк емитуваше 24 часовна информативна програма на турски јазик за турското население во Турција и дијаспората во цел свет.

Главен координатор на каналот беше Мухарем Севил, додека Умит Сезгин беше назначен за главен и одговорен уредник. Главното седиште на телевизијата беше во Анкара, додека уредништвото како и дописниците беа во Истанбул.

Надворешни врски уреди