Suds in the Bucket
"Suds in the Bucket„ (Садс ин д бакет) е песна која била напишана од Били Монтана и Теми Вагонер, песната вокално била снимена од американската пејачка на кантри-музиката Сара Еванс. Песната била издадена во мај 2004 година како трет сингл од албумот на Еванс од 2003 година Немирен. Таа станала нејзин трет број еден сингл на топ листите во САД, и нејзин прв по Борн ту флај (анг: Born to Fly) во почетокот на 2001 година. Овој сингл бил сертифициран за платина од Здружението на музичките сниматели на Америка на 18 август 2023 година.
Песната се појавила и во играта Караоке револушн кантри (анг: Karaoke Revolution Country) и е вклучена во Рок Бенд: Кантри Трек Пек (анг: Rock Band: Country Track Pack) Била претставена и од натпреварувачот Бренли Браун на Војс на 15 мај 2017 година.
Содржина
уредиОваа песна со високо темпо ја раскажува приказната за една девојка која еден ден одеднаш бега во Лас Вегас со своето момче, оставајќи ги „пената во кофата и облеката да виси надвор за да се суши“, алудирајќи на тоа колку брзо таа се одлучила за да замине. Озборувањата и драмата потоа се шират во другите делови од нивниот роден град, како на пример во фризерски салон и во локалната црква.
Критички прием
уредиДебора Еванс Прајс, од списанието Билборд, позитивно ја оценила песната, велејќи дека е „преплавена со гитара, виолина и има привлечен рефрен“. Таа продолжила да ја нарекува лириката во песната како „симпатична и ќе ги потсети сите родители на минливите радости од детството и колку брзо децата почнуваат да го градат сопствениот живот“.
Музичко видео
уредиМузичкото видео го следи текстот на песната. На него се гледа млада девојка која бега од дома со момче за да се омажи. Песната е испрекината со сцени на Еванс како пее пред алиштата кои се сушат во предниот двор на домот, во продавницата за убавина и во црквата. Спотот го режирал Питер Завадил.
Видеото го достигнало врвот на Топ 20 одбројување на CMT за неделата од 9 септември 2004 година.
Табели
уредиТабела (2004) | Врв позиција |
---|---|
1 | |
33 |
Табели за крајот на годината
уредиТабела (2004) | Позиција |
---|---|
Американски кантри песни (Билборд) [3] | 8 |
Наводи
уреди- ↑ "Sara Evans Album & Song Chart History" Billboard Country Songs for Sara Evans. Prometheus Global Media.
- ↑ "Sara Evans Album & Song Chart History" Billboard Хот 100 for Sara Evans. Prometheus Global Media.
- ↑ „Best of 2004: Country Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. 2004. Посетено на July 11, 2012.