Сан Кристобал де ла Хабана

(Пренасочено од San Cristobal de la Habana)

Сан Кристобал де ла Хабана (шпан. San Cristobal de la Habana) е кубанска марка на пури (Хабанос СА).

Логото на Сан Кристобал де ла Хабана

Историја

уреди
 
Кутија Сан Кристобал де ла Хабана El Principe

Марката Сан Кристобал де ла Хабана била официјално пуштена во продажба во Хавана на 20 ноември 1999. Именувана е по првобиното име на Хавана, кое датира од XVI век.

Пред револуцијата постоела марка наречена Сан Кристобал де ла Хабана, која дотогаш се произведувала. По револуцијата таа била укината, а новата марка не е воопшто поврзана со старата (не е нејзино враќање).

Првично марката се состоела од четири пури (El Morro, El Principe, La Fuerza и La Punta). Во 2004, за петгодишнината на марката се додадени уште три пури, и потоа пуштени во редовна продажба. Овие нови пури, Officios, Mercaderes и Muralla, исто така носат додатна лентичка со натписот „La Casa del Habano“, бидејќи се продаваат само во продавниците со тоа име.

Витоли на Сан Кристобал де ла Хабана

уреди
 
Кутија Сан Кристобал де ла Хабана La Punta

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Сан Кристобал де ла Хабана, со нивните димензии во англиски и метрички систем, како и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).

Рачно-изработени витоли

  • El Morro - 7 1/4" x 49 (184 x 19.45mm) Paco, двојна корона
  • El Principe - 4 3/8" x 42 (110 x 16.67mm) Minuto, тре пети корона
  • La Fuerza - 5 1/2" x 50 (141 x 19.84mm) Gordito, робусто
  • La Punta - 5 1/2" x 52 (140 x 20.64mm) Campana, беликозо
  • Officios - 5 1/4" x 43 (135 x 17.07mm) Dalias Cortas, пети корона
  • Mercaderes - 6 1/2" x 48 (167 x 19.05mm) Hermosos No. 1, торо
  • Muralla - 7 1/8" x 54 (180mm x 21.43) Rodolfos, голема пирамида или торпедо

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди