SCMaglev
JR-Maglev (јапонски: ジェイアール式マグレブ) — систем на магнетнолебдечка железница (маглев) на Среднојапонското железничко претпријатие и Институтот за истражување на железничката техника (подружница на групацијата „Јапонски железници“).
JR-Maglev MLX01 е меѓу новите од низата магнетнолебдечки возови на коишто се работи во Јапонија уште од 1970-тите години. Составен е од највеќе пет вагони и предвиден е да вози по пробната магнетна пруга во префектурата Јаманаши. На 2 декември 2003 г, тривагонски состав на овој воз достигнал брзина од 581 км/ч, што претставува светски рекорд за шински возила со екипаж.[1]
Технологија
уреди Одбоен систем |
Водечки систем |
Погонски систем |
Магнетнолебдечките возови имаат три системи: одбоен (за лебдење), водечки и погонски.
JR-Maglev користи систем на електродинамично одржување (EDS). Mагнетните полиња во движење создаваат одбојна сила во проводникот поради индукцијата во полето. Оваа сила го одржува возот во воздух. Возовите имаат суперспроводливи магнетни намотки, а на водечкиот колосек се поставени одбојните намотки.
Кога возот се движи со голема брзина, намотките во колосекот создаваат одбојна сила како резултат на наближувањето на суперспроводните намотки прицврстени на возот.
Електродиманичното одржување овозможува поголем меѓупростор од електромагнетното (EMS), но возот мора да има и тркала за движење при релативно мали брзини, кога не може да создаде доволно голема сила за да лебди. Тркалата се повлекуваат кога возот ќе достигне брзина од 150 км/ч. 10 см над колосекот.[2]
Одбојните намотки во колосекот служат како водилки и стабилизатори. Погонот на JR-Maglev е линеарен синхрон мотор (LSM), кој ги напојува намотките во колосекот.
Пробна пруга во Мијазаки
уредиСо преместувањето на пробите во префектурата Јаманаши, во Хјуга (префектура Мијазаки) Институтот за истражување на железничка техника (RTRI) во 1999 почнал да врши проби со возови што се движат на основа на екрански ефект како екранопланите.[3]
Пробна пруга во Јаманаши
уредиЕксперименталните пруги во Јаманаши моментално имаат практична примена. Шините имаат должина од 18,4 км (вклучувајќи 16 км тунели). Пробната пруга е во доизградба, со што во 2013/14 г. ќе се добие должина од 42,8 км. Ова е дел од планираната линија Чуо Шинкансен што ќе ги поврзува градовите Токио, Нагоја и Осака. Порачани се 14 воза „Шинкансен L0“ чиј производител ќе бидат Мицубиши и Нипон Шарјо, подружница на Среднојапонското железничко претпријатие.
Возила
уреди- 1972 – LSM200
- 1972 – ML100
- 1975 – ML100A
- 1977 – ML500
- 1979 – ML500R (преобликува ML500)
- 1980 – MLU001
- 1987 – MLU002
- 1993 – MLU002N
- 1995 – MLX01 (MLX01-1, MLX01-11, MLX01-2)
- 1997 – MLX01 (MLX01-3, MLX01-21, MLX01-12, MLX01-4)
- 2002 – MLX01 (MLX01-901, MLX01-22)
- 2009 – MLX01 (MLX01-901A, MLX01-22A: преобликува 901 и 22)
Рекорди со екипаж
уредиБрзина (км/ч) | Воз | Тип | Место | Датум | Забелешки |
---|---|---|---|---|---|
60 км/ч | ML100 | маглев | RTRI на JNR, Јапонија | 1972 | |
400,8 км/ч | MLU001 | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | февруари 1987 | Двовагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возови. |
394,3 км/ч | MLU002 | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | ноември 1989 | Едновагонски. |
411 км/ч | MLU002N | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | февруари 1995 | Едновагонски. |
531 км/ч | MLX01 | маглев | Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија | 12 декември 1997 | Тривагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возовиs. |
552 км/ч | MLX01 | маглев | Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија | 14 април 1999 | Петвагонски состав. Тогашен светски рекорд за магнетнолебдечки возови. |
581 км/ч | MLX01 | маглев | Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија | 2 декември 2003 | Тривагонски состав. Тековен светски рекорд за возови од било кој вид. |
Рекорди без екипаж
уредиБрзина (км/ч) | Воз | Тип | Место | Датум | Забелешки |
---|---|---|---|---|---|
504 км/ч | ML-500 | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | 12 декември 1979 | |
517 км/ч | ML-500 | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | 21 декември 1979 | |
352,4 км/ч | MLU001 | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | јануари 1986 | Тривагонски состав. |
405,3 км/ч | MLU001 | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | јануари 1987 | Двовагонски состав. |
431 км/ч | MLU002N | маглев | Пробна магнетна пруга во Мијазаки, Јапонија | февруари 1994 | Едновагонски. |
550 км/ч | MLX01 | маглев | Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонија | 24 декември 1997 | Тривагонски состав. |
548 км/ч | MLX01 | маглев | Пробна магнетна пруга во Јаманаши, Јапонијаn | 18 март 1999 | Петвагонски состав. |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Hood, Christopher P. (2006). Shinkansen – From Bullet Train to Symbol of Modern Japan. Routledge. ISBN 0-415-32052-6.
- Study of Japanese Electrodynamic-Suspension Maglev Systems
- ↑ Railway Technology Avalanche No. 7, "Our Manned Maglev System Attains Maximum Speed Record of 581 км/ч" (1 јануари 2005) Архивирано на 3 август 2007 г.. проверено на 16 ноември 2008.
- ↑ „High-Speed Rail Approaches Station“. WSJ. 26 јануари 2010.
- ↑ [1]
Надворешни врски
уреди„SCMaglev“ на Ризницата ? |
- Институт за истражување на железничка техника (RTRI) Архивирано на 2 ноември 2005 г. (англиски) (јапонски)
- „Линеарен експрес“ - Среднојапонско железничко претпријатие (јапонски)
- Слики на меѓународниот форум за магнетнолебдечки возови Архивирано на 19 јули 2011 г. (англиски)